Објава на благородниот Кур ‘ан
Што велиКур’анот за објавата?
Благородниот Кур’ан за објавата и начинот на нејзиното доаѓање зборува повеќе од другите небесни свети книги – Тевратот и Инџилот. Во него наоѓаме ајети кои зборуваат дури и за начинот на доаѓање на Објавата. Повеќето муслимани веруваат дека Кур’анот е доследен говор на Возвишениот Аллах кој што Тој му го објавил на пратеникот Мухаммед, с.а.в.а, со посредство на еден од одбраните мелеци. Тој мелек се вика Џибрил или Доверливиот Дух. Тој, со Говорот на Возвишениот Аллах, му доаѓал на Пратеникот во различни периоди, во траење од 23 години.Задачата на Пратеникот била, на луѓето да им ги рецитира – да ги учи сотие ајети, да ги зацврстува во нивното разбирање и да ги повикува да ги спознаат верските, општествено – етичките, правно – цивилизациските и личните должности што произлегуваат од нив.Пратеникот дословно го спроведувашеона што му беше наредено, не се однесуваше според своето убедување во работите на Божјата Објава. Ништо не додаваше ниту од неа нешто одземаше, за ништо не направил прерано или предоцна во она што Аллах џ.ш му го доверил.