Ефект на активниот тевхид
Ефектот на активниот тевхид е тоа што човекот никого и ништо не го смета за достојно, ниту заслужно да биде обожувано, освен Аллах, затоа што, како што претходно е веќе објаснето, никој не заслужува да биде обожуван, освен Оној Кој е Создател и Господар човеков. Со други зборови, да се биде божество (ulūhijjet) е нужност на создавањето (hālikijjet) и господарењето (rubūbijjet). Од друга страна, ефектот на тевхидот во последниот облик се состои и во тоа целата човекова надеж да биде положена во Бог. Човекот во сите работи ќе биде потпрен на Бог. Единствено од Него ќе бара помош. Само од Него ќе се плаши и во Него надеж ќе полага. Дури и во случај кога човекот, за остварување на своите тежнеења не ги има осигурени сите вообичаени чинители, тој нема да изгуби надеж, затоа што Бог може и по други патишта, а не само по обичните, да ги осигури неговите потреби. Таквиот човек наоѓа место под посебно Божјо старателство и поседува целосна душевна смиреност:
Од ништо нека не се плашат и за ништо нека не тагуваат Аллаховите штитеници.[1]
أَلَا إِنَّ أَوْلِيَاءَ اللَّـهِ لَا خَوْفٌ عَلَيْهِمْ وَلَا هُمْ يَحْزَنُونَ
Овие два заклучоци се наоѓаат во ајетот кој секој муслиман го повторува повеќе пати дневно:
Само Тебе те обожуваме, и само од Тебе помош бараме.[2]
إِيَّاكَ نَعْبُدُ وَإِيَّاكَ نَسْتَعِينُ
[1]Јунус, 62.
[2]Ел–Фатиха, 5