Кур’анот е совршена Книга
Поради што Кур’анот е совршена Книга?
Кур’анот ја содржи највисоката цел кон којашто тежнее човештвото и тој упатува со најпотполни факти и најубави сведоштва кон таа цел. А до таа цел може да се стигне само со реални согледувања на Универзумот и со работа и постапување во согласност со моралните принципи и практичните норми. Објаснувањетоза тоа Кур’анот го нуди во една потполна форма, велејќи:
يَهْدِي إِلَى الْحَقِّ وَإِلَى طَرِيقٍ مُّسْتَقِيمٍ
Кур’анот води кон Вистината и на Вистинскиот пат упатува.[1]
На друго место, Кур’анот, одкако ги спомнува Тевратот и Инџилот, го вели следното:
وَأَنزَلْنَا إِلَيْكَ الْكِتَابَ بِالْحَقِّ مُصَدِّقًا لِّمَا بَيْنَ يَدَيْهِ مِنَ الْكِتَابِ وَمُهَيْمِنًا عَلَيْه
И тебе ти објавуваме Книга (Кур’ан), со Вистината, да ги потврди книгите пред неа објавени, и над нив да бдее.[2]
Објаснувајќи го тоа дека ја опфаќа суштината на законот за верата на Божјите пратеници, Кур’анот вели:
شَرَعَ لَكُم مِّنَ الدِّينِ مَا وَصَّى بِهِ نُوحًا وَالَّذِي أَوْحَيْنَا إِلَيْكَ وَمَا وَصَّيْنَا بِهِ إِبْرَاهِيمَ وَمُوسَى وَعِيسَى
Тој ви го пропишува во верата истото тоашто му го наредил и на Нух и тоа што ти го објавуваме тебе, и тоа што му го наредивме на Ибрахим и на Муса и на Иса! [3]
За тоа дека Кур’анот опфаќа и останати нешта, се вели следното:
وَنَزَّلْنَا عَلَيْكَ الْكِتَابَ تِبْيَانًا لِّكُلِّ شَيْءٍ
Ние тебе ти ја објавуваме Книгата како објаснување за сѐ.[4]
Накратко кажано, сижето на претходните ајети гласи: Кур’анот опфаќа вистини објавени во небесните книги, а и повеќе од тоа. Во Кур’анот постои сѐ што им е потребно на луѓето за нивниот совршен пат кон посакуваната среќа, било тоа да се основите на верувањето или практичните принципи.
[1]Ел-Ахкаф, 30.
[2]Ел Маиде, 48.
[3]Еш-Шура, 13.
[4]Ен-Нахл, 89.