Живот
Најефикасниот поим во човековиот живот
Постојат некои многу вредни поими во нашата вера и во нашите размислувања, а на чија важност не е доволно укажано. Тоа доведе до големо неразбирање или погрешно разбирање на нештата. Еден од поимите за чиa важност малку се зборува и кој погрешно се разбира во контекст на верата и што доведе до оддалечување од верата и злоупотреба на тој поим со цел, поробување на луѓето е поимот живот. Живот или постоење на човекот. Колку вредност има тоа во нашата вера? Една од ситуациите во кои ние можеме да се гордееме со нашата вера, зборувајќи со меѓународниот јазик, е онаа во која можеме слободно да застанеме и да кажеме:
Којбило во светот може да склопи и направи некој говор за животот на човекот, било да е заснован на фантазијата или го донел од некој научник, од некоја бајка, од некое учење, од некоја филозофија, нека го донесе и го спореди со говорот на Кур’анот. Говорот на Кур’анот сигурно ќе биде поголем. Начинот на кој Кур’анот зборува за вредноста на животот ги оневозможил сите да кажат, дури и нешто слично на тоа. Воопшто не постои можност да се каже нешто поголемо од тоа. Кога ние не разговараме за важноста на животот, другите мислат дека ние живееме само во светот на ахиретот. Мислат дека ние се занимаваме само со правилата и прописите, каде луѓето ќе згрешат, а каде не. Мислат дека му придаваме значење само на прашањата за оној свет и дека ги цениме само нив.
Но, не е така. Точно е дека ние му придаваме значење на Господарот и тоа исклучително го цениме. Им придаваме значење и на божјите наредби. Му придаваме значење и на нашиот иден живот. Им придаваме значење и на божјите евлии. Ние тоа секогаш го зборуваме, но она за што малку зборуваме е тоа дека, не смееме да заборавиме дека ние му придаваме исклучително големо значење на човековиот живот. Дури треба да ги подучуваме луѓето за тоа. Не знам во која етапа од образованието во текот на основното или средното училиште треба да се подучуваат децата за тоа. Животот на еден човек има голема вредност. Тоа ја симнува прашината од лицето на верата, така што мнозина кои имаат хуманистички поглед и кои се алтруисти и сакаат да анализираат сè во рамките на овој свет и кои како што велат држат многу до вредноста на човекот, треба да знаат дека нашата вера, повеќе од секое друго мислење кое може да се претпостави во светот, му придава значење наживотот. Не се грижиме само за тоа да не отидеме во Џехеннем, не се грижиме само за тоа да отидеме во Џеннет, не се грижиме само за тоа Бог да не биде незадоволен од нас, не се грижиме само за тоа да се жртвуваме за Божјите пријатели. Не е само тоа во прашање. Дури не е во прашање само прашањето на човековата среќа. Поскоро, и во рамките на сите тие вредни поими, човековиот живот има голема вредност. Колку голема?
Ќе ви порача кур’анскиот ајет:
Заради тоа Ние им пропишуваме на синовите Израилови: ако некој убие некој кој не убил никого, или некој што не прави неред на Земјата – како сите луѓе да ги убил; а ако некој биде причина за нечиј живот да се сочува – како на сите луѓе животот да им го сочувал. ( Ел- Маиде, 32)
Кој, каде и како може да каже толку длабоки, прецизни и возвишени зборови за вредноста на човековиот живот? Дали е тоа можно? Како е можно? Ако го кажат истото тоа, па тоа Бог веќе го кажал. Сè што ќе кажат друго е под тоа.
Вредноста на животот на еден човек, не вредноста на животот на човекот на воопштен начин, на само еден човек е еквивалентен на вредноста на животот на сите луѓе! Ајде, некој нека каже нешто повеќе од ова. Донеси ги сите ѕвезди и планети и речи дека вредноста начовекот е поголема од сите нив, пак ние сме кажале повеќе од тоа. Што се ѕвездите за да се споредуваат со човекот? Вредноста на човекот е поголема од галаксијата. Ние постојано зборуваме против неправедните и угнетувачите, а забораваме да зборуваме ако крвта ни зоврие во вените кога слушаме вести од Мијамар и ги сметаме за животни личностите кои се рамнодушни кон неправедното убивање на луѓето, забораваме да кажеме:
Види, навистина нам ни е зовриена крвта во вените затоа што верата не учи дека цената на еден живот е толкава. Еквивалентна е на животот на сите луѓе. Не прашуваат зошто вршиме одмазда над личноста која убила некого?
– Човече, попушти малку. Не мораш да извршиш одмазда.
– А знаеш ли заради што вршиме одмазда? Ако една личност убие милион луѓе, дали треба да извршиме одмазда или не?
– Па секако, милион е многу.
– Па ти немаш памет да разбериш дека кога една личност убие друга личност, како да го убила цело човештво. Ако паметот ти дозволи да го сфатиш тоа, нема да кажеш дека не треба да се врши одмазда. Извинете, но морам да кажам дека нашата вера придава големо значење и го цени животот на еден човек. Нашата тема е најефикасниот поим во човековиот живот. Одлучив малку да зборувам за животот. Секако, многу е возбудливо да се зборува за човековиот живот. Тоа е како астрономија. Појдете во опсерваторија и гледајте. Многу е возбудливо. Човекот оди и патува по бесконечниот свет со своето око. Со телескоп го набљудува сето тоа. Колку само ужива! Големината и величенственоста на постоечкиот свет. Величественоста на животот на еден човек е многу поголема од тоа.
Што е најефикасниот поим во човековиот живот. Простете, прво дозволете ми да кажам:
Дали знаете дека зборуваме за човековиот живот, а не за животот на еден поединец? Човековиот живот, при што секоја единка е вредна колку целото човештво! Ние му придаваме големо значење на животот. Западњаците не му придаваат значење на животот. Погледнете ги нивните човекови права. На многу места имаат такви изрази на лицата, што се многу интересни. Тие тоа го прават на врвот од своето незнаење. Нема проблем ако оној кој има право да прејде преку крвнината, прости и не се освети, ако покаже од себе некоја великодушност. Ако покаже возвишено ниво на животот и му прости на убиецот. Но гревот на убиецот е толку голем што треба да биде убиен. Зошто? Колкав е неговиот грев? Неговиот грев е убивањето на сите луѓе. Колку атомски бомби треба да се фрлат за да се убијат сите луѓе? Уште да напоменам дека со тоа би се убиле сите луѓе на ова време. Замислете некој во овој миг да ги убие сите. Сакате ли да ви го прочитам ајетот уште еднаш за да размислувате за него малку подлабоко? Видете, ние не додадовме ниту еден збор. Ако некој убие една личност, како да ги убил сите луѓе на светот! Секако, се вели – ако без причина убие. Значи, заради неправда или создавање на неред. Ако тој неубил никого, зошто ти го убиваш него? Човековиот живот е многу вреден. Кој е воспитниот ефект на оваа расправа? Ние можеме дванаесет вечери да зборуваме за вредноста на човековиот живот и вие сигурно ќе слушате со внимание, но нашата тема е нешто друго. Мораме да одговориме на прашањето:
Што е или кој е најефикасниот поим во човековиот живот? Јас сакам половина од вечерашното излагање да го посветам на прашањето на човековиот живот. Што е воспитниот ефект на оваа расправа? Еден од воспитните ефекти на оваа расправа е тоа другите да сфатат зошто ние сме толку осетливи на неправдата која им се прави на луѓето. Човекот кого го воспитува верата е чувствителен на неправда. Не смее пред него неправедно да се убиваат луѓе. Ќе ја изгуби контролата. Ќе те убие и ќе го смали твоето зло во светот. На капиталистите на кои убиството на човек им е како пиењето на вода, треба да им се каже дека овие муслимани еден ден ќе ве распарчат и ќе ви сотрат секаква трага. Од вас нема порасипани суштества. Ајатоллахот Хомеини зборуваше дека најдобрата дова за претседателот на Америка е тоа Бог да му испрати смрт. Многу јасно и директно го зборуваше тоа и наведуваше име. Зборуваше дека тој од ден на ден го прави својот џехеннем поврел. Колку што побрзо умре, толку џехеннемот ќе му биде поладен или помалку врел. Каде е оваа реторика помеѓу нашите политичари. Дали нивото на разбирање е низок или е стравот голем?
Животот за нас е исклучително важен!
Идишовци му ја откинаа главата на една невина личност и од тоа направија филм и го пуштија! Овој злочин се случи во наше време! Ќе зборувам во склад со Кур’анот: дали тие тоа ги исклаа сите луѓе?
Дали претерав со овие зборови? Или можеби вие немате мерило во своите раце?
Значи, прашањето за давање на вредност на животот или подобро да се каже, прашањето за вредноста која животот ја има (не треба ние да му додаваме нова вредност) во нашата вера, ќе предизвика промена во нашиот поглед. Нашиот поглед на неправдата е еден пример. Нашиот поглед на спасот и избавувањето на човекот е еден пример.
Сега да завршиме со оваа расправа и да погледнеме кои се нејзините воспитни и духовни ефекти? Да погледнеме колкава е вредноста на животот во духовен поглед.
Првиот ефект е тоа што го прави човекот благодарен (шакер). Да кажам малку попрецизно. Го прави човекот многу благодарен (шакур). Личноста која може да му се заблагодари на Господарот на својот живот само затоа што е создадена, влегува во групата на благодарни луѓе. А малку се Мои благодарни робови.
Тоа се ретки луѓе. Пријатели драги, го молам Бога на сите вам кои во животот сте стрпливи и Богу благодарни, Бог да ви подари награда и да ги намали вашите маки. Вие треба да знаете дека наградата за благодарноста е поголема од наградата за трпението. Заблагодари му се на Бог што те создал. Да ја знаеме цената на животот би рекле:
Боже, со самото тоа што сум жив, што си ми дал живот, нема врска што не си ми дал нозе, ќе седам во количка, но си ми дал живот.
Знаете дека ваквите луѓе, и кога си одат од овој свет, повторно му се заблагодаруваат на Господарот и велат: Сега ќе добиеме уште подобар живот.
Духовниот ефект на познавањето на вредноста на животот е тоа што човекот го прави благодарен.
Ова беше првиот вовед.
Зошто ние трагаме по најефективниот поим во човековиот живот?
Зато што човекот во согласност со својата природа (фитрет), сака да има најдобар живот.
Не знам дали само вечерва сум многу обеспокоен или секој пат кога ќе се сетам на овој поим станувам многу обеспокоен.
Сакам да го кажам следново:
Тешко на оние луѓе кои прават нешто за човекот да не трага по подобар начин на живот. Го манипулираат (човекот) за да биде задоволен со најниските нивоа на животот. Мојата слика на застранетата, ниска и нечовечка западна култура и затапениот и џахилиетски западњачки и хуманистички начин на размислување кој владее со светот е тоа што (најгрдото нешто кое го прават) човекот го задоволуваат со најниското ниво на живот. Зошто верата има проблеми со нив? Затоа што верата вели:
Види, ти треба да бидеш многу жив. Тоа што го имаш ти, не е живот. Тоа што го живееш ти многу личи на живот на минерал. Можеби си само за едно мало скалило над животните. Дали ти знаеш што ќе се случи ако ти се отворат очите на срцето? Што ќе се случи ако ти се отворат ушите на твојата душа? Што ќе се случи ако твојата рака биде Божја рака? Твојот чекор Божји чекор! Ако твојот чекор биде божествен чекор, што ќе прави по планетите? Знаеш ли ти до кои граници може да досегне твоето размислување?
Ние ќе го оживееме со чист живот.
Алламе Табатабаи вели дека, овде Господарот вели:
Ако некој биде добар роб, Бог ќе му даде уште еден живот кој се вика чист живот, а не да живее на добар начин. Значи, тој вели дека значењето на овој ајет не е во тоа дека Бог ќе го направи чист овој живот кој го живее. Да се мисли на тоа, би требало ајетот на арапски да биде поинаку формулиран. Би рекол:
Јас ќе му го направам животот чист.
А овде вели дека ќе го оживее со нов живот.
Тој живот целосно се разликува од оној живот. Уште еднаш се раѓаш на овој свет. Излегуваш од материцата на природата. Крилјата на твоите раце се отвараат. Ти ја прекинуваат папочната врвца која те спојувала со светот на природата. Таквиот човек оди, зборува, слуша, гледа, јади, напредува.
Ние,во Кур’анот,официјално имаме два животи.
Оној збор кој го кажав, „тешко ним”,во многу потежок облик, многу повеќе прилега да им се каже на личностите кои ги мамат луѓето така што, ги задоволуваат со најниските нивоа на животот. Од тука почнува караницата. Непоседувањето на вера почнува од тука. Овие се прашуваат што всушност сакаме да кажеме. Верата ти кажува дека твојот живот има вредност и треба да го унапредиш. Мораш да бидеш многу жив. Бог не сака роб кој не се служи со својот живот и тоа максимално. Јасно е дека ние од почеток не сме биле баш благодарни на животот. Не го сметавме за вреден, за да го направиме „обилен и полн”. Ако човек има вредна земја (парцела), на неа ќе гради вредна куќа. Но на земја која нема некоја вредност, човекот нема да прави куќа која ќе вреди милијарди долари. Што ќе му е вредна куќа на безвредна земја, на безвредна пустина? Најефикасниот поим во човековиот живот! Кој трага по најефикасниот поим? Оној кој сака својот живот да го направи обилен и полн. Нашиот проблем со западњачкиот начин на размислување, со оваа култура со која сме соочени, со оваа гнила цивилизација, е тоа што го задоволуваат човекот со најниското ниво на живот. Кој е среќен? Погледајте им ги филмовите. Кој е успешен? Колку тој успешен човек го исползувал животот?