• Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги
  • Од вашето перо
No Result
View All Result
ehlibejt.org
Ehli Bejt
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
No Result
View All Result
Ehli Bejt
No Result
View All Result

Поводи за објавата

8. априла 2021.
in Кур’анот и науката
A A
Поводи за објавата

Поводи за објавата

Што се тоа поводи или услови за објавата?

Многу сури и ајети се врзани со настаните и случувањата од времето на Пратениковата мисија како што се сурите: Ел-Бекаре, Ел- Хашр и Ел-Адијат,[1] или се објавени како нужни прописи и исламски закони каков што е случајот со сурите Ен-Ниса, Ел-Енфал, Ет- Талак и други.[2] Овие причини кои ја условуваа објавата на сурите или ајетите се нарекуваат „поводи или услови за објавата“ Нивното познавање во голема мера помага за разбирањето на ајетите и нивното  внатрешно  значење и тајни. Мухадисите (собирачи и пренесувачи  на хадисите на пратеникот)          од генерацијата на Пратениковите другари и следбеници се заинтересирале за хадисите кои зборуваат за поводите на објавата и пренеле голем број од овие хадиси. Кај сунните имамногу голем број на хадиси за поводот на објавата, можеби повеќе од неколку илјади, додека кај шиите ги има во помал број, не повеќе од неколку стотици. Кај сите хадиси од овој вид, забележително е дека немаат потполн сенед (синџир на пренесувачи) и дека не се сигурни и веродостојни. Тие се непотполно усно пренесени и во анализата будат сомнеж од следните причини:

Прво: Контекстот на поголемиот број од овие хадиси упатува  на тоа дека проповедниците поводите не ги пренесуваат по усмен пат, со непосредно преземање и пренесување, туку пренесуваат некои кажувања во врска со тоа, потоа, ајетите ги доведуваат во врска со тој настан и истото категорички го поврзуваат. Поводот на објавата кој го споменуваат, всушност е резултат на нивното слободно расудување и заклучоци, но никако нивното лично согледување и сигурно осведочување. Потпора за ова што го тврдиме се бројните противречности во овие хадиси. За еден ајет се наведуваат неколку хадиси за поводите на неговата објава, кои меѓусебно се противречни и меѓу кои не може да се постигне согласност. Дури за некои ајети, една личност како Ибн Аббас на пример, наведува повеќе поводи на објави кои меѓусебно не можат да се усогласат. Појавата на овие противречни и слаби хадиси може да се разбере на еден од двата начини: или се тие плод на слободно расудување  и не се непосредно пренесени по усмен пат, па секој мухадис се обидувал да направи врска помеѓу ајетот и неговиот повод за објавата, во стварност немајќи факти, или сите овие хадиси или поголемиот дел од нив се апокрифно вметнувани и немаат врска со реалноста. Со појавата на овие можности отпаѓа и самата смисла за разгледување на поводот за објавата. Врз основа на приложеното не можно е да се  воспостави потполна сигурност дури и за хадисите чиј сенед (синџирот на пренесувачи) е валиден, бидејќи, валидноста на сенедот, вистината, ја исклучува лагата и слабоста на пренесувачот, но можноста за фалисификување и специфичниот однос кон хадисите, само по себе останува.

Второ: Историски е потврдено дека во времето на халифетот било забрането пишување на хадисите и сè што било запишано на плочите и листовите, а беше хадис, било запалено.  Оваа забрана траела се до крајот на првото столетие од Хиџра, или приближно 90 години. Забраната отворила можност за пренесување на хадиси по смисла. Постоела  опасноста од промена на хадисите секогаш кога некој пренесувач му кажувал на другиот, така што хадисите во пренесувањето ја губеле својата форма. Ова му е сосема јасно на оној кој го проучувал пренесувањето нахадисите по различни патишта. Можеби човек  присуствува на раскажувањето на два хадиси во едно пренесување и во некој детаљ не може да ги состави. Ширењето на пренесувањето на хадисите по смисла, на сомнителен начин, е еден од факторите кој предизвика намалување на вредноста на хадисите за поводот на објавата. Раширеноста на фалсификувањето на хадисот, лажењето за Пратеникот, влегување на израилатите[3] во процесот на пренесувањето и тоа што го направија критичарите и луѓето од различни интереси со пренесувањето на хадисот по смисла, за што веќе зборувавме, сите тие се чинители кои ја намалија вредноста на хадисите за поводите на објавата и им го намали значењето.

Хадисот бара да биде поддржан од Кур’анот. Врз осонова на тоа, хадисот треба да се изложи пред Кур’анот, како што е изнесено во хадисите на Божијот Пратеник и неговото семејство с.а.в.а. Поводот на објавата за некои ајети, ако хадисите не се усно пренесни со непрекинато течение, треба да се спореди со Кур’анот. Се прифаќа само онаа содржина на хадисот која одговара на ајетот, додека, она што отстапува од ајетот, се отфрла. Тоа значи дека хадисот секогаш треба да се споредува со Кур’анот, но никако Кур’анот со хадисот. Со овој метод се соборуваат најголем број хадиси за поводот на објавата, а со тоа остатокот содржи полна сигурност и значење. Треба да се знае дека високите Кур’ански цели кои се вечни спознанија (за што ќе зборуваме во следно поглавје) немаат многу или воопшто немаат потреба за поводот на објавата.

[1]Ел-Бекаре е објавена во првата година по Хиџра. Многу нејзини ајети ги прекоруваат Евреите кои стоеле на патот на напредокот на исламот. Останатите ајети се однесуваат на законодавството и некои прописи како што се промена на киблето, пропишување на постот,  хаџот и останатото.

[2]Сурата Ен- Ниса говори за брачните прописи и наследството на жената. Сурата Ел-Енфал говори за воениот плен и заробениците, а сурата Ел-Талак говори за прописите при развод на бракот.

[3]Израилатите претставуваат еврејсковплеткување во теориските прашања на исламското верување. На Израилатите највеќе им се изложени хадисот и тефсирот.

Смислата на создавањето и смислата на испраќање на Веровесници

Смислата на создавањето гледано од кур’анското становиште

Кур’анот – потпора на Пратеништвото

Tags: КуранотОбјаваПоводи за објавата
Previous Post

Начин на објавата на Кур’анот

Next Post

Современи автори, Објава и Пратеништво

Please login to join discussion
  • Пратеникот и ехлибејтот (0)
    • Ехли бејт (15)
    • Пресудни етапи во периодот на присуство на безгрешните (1)
    • Великаните од Ехли-бејтот, а.с. (0)
    • Верните другари на Ехли-бејтот, а.с. (0)
    • Божјиот Пратеник Мухаммед с.а.в.а (2)
    • Заповедникот на верниците,Имамот Али а.с. (0)
    • Хазрети Фатима Зехра а.с. (0)
    • Имамот Хасан Муџтеба а.с. (0)
    • Имамот Хусејн Сејјиду-ш-Шухеда а.с. (0)
    • Имамот Али ибн Хусејн Зејнул-л-Абидин а.с. (0)
    • Имамот Мухаммед ибн Али Бакир а.с. (0)
    • Имамот Џафер ибн Мухаммед Садик а.с. (0)
    • Имамот Муса ибн Џафер Казим а.с. (0)
    • Имамот Али ибн Муса Рида а.с. (0)
    • Имамот Мухаммед ибн Али Џевад а.с. (0)
    • Имамот Али ибн Мухаммед Хади а.с. (0)
    • Имамот Хасан ибн Али ′Аскери а.с. (0)
    • Имамот Мухаммед ибн Хасан Мехди а.с. (0)
  • Исламски верувања (0)
    • Вера (7)
    • Тевхид – монотеизам (10)
    • ’Адл – Божја праведност (4)
    • Нубуввех – веровесништво (2)
    • Имамет – нужност на небесното водство (3)
    • Ме’ад – проживување (1)
    • Нејаснотии и објаснувања (0)
  • Етика и духовност (0)
    • Општи дискусии (0)
    • Човекот во односот со Бога (2)
    • Човекот во односот со самиот себе (1)
    • Човекот во односот со другите (0)
    • Духовно усовршување (1)
    • Прописи на однесување (0)
    • Дова (0)
  • Историја и општеството (5)
    • Општество (1)
    • Историја (1)
    • Од историјата (0)
  • Семејство и воспитание (0)
    • Семејство (0)
    • Воспитание (0)
    • Дете (0)
  • Шиизам – школа на Ехли-бејт, а.с. (0)
    • Шиизам (0)
    • Тие што се упатиле на правиот пат (0)
    • Исламски школи (0)
  • Благороден Кур’ан (0)
    • Општи дискусии за Кур’анот (6)
    • Историја на Кур’анот (2)
    • Кур’ански науки (0)
    • Кур’анот и науката (4)
    • Кур’ански учења (3)
  • Обреди
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
  • Од вашето перо

© 2021 ehlibejt.org.

No Result
View All Result
  • Kur’an
  • Obredoslovlje
  • Дома
  • Контакт
  • Мултимедија
  • Патокази

© 2021 ehlibejt.org.

  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам