• Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги
  • Од вашето перо
No Result
View All Result
ehlibejt.org
Ehli Bejt
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
No Result
View All Result
Ehli Bejt
No Result
View All Result

Науки кои ги иницирал Кур’анот

10. април 2021.
in Кур’анот и науката
A A
Науки кои ги иницирал Кур’анот

Науки кои ги иницирал Кур’анот

Нема сомнеж дека верските науки кои денес муслиманите ги практикуваат потекнуваат уште од времето на доаѓање на Пратеникот,с.ав.а., и објавата на Чесниот Кур’ан. Другарите на Пратеникот,с.а.в.а., и непосредните следбеници ги практикувале овие науки уште во првиот век по Хиџра, но на несистематичен начин затоа што постоела забрана за запишување на сите форми на знаење. Начинот на пренесување и подучување се одвивал по пат на памтење и усмено преземање освен мал број записи во областа на фикхот-право, тефсирот-коментар и хадиси-традиција.

На почеток на втроиот век по Хиџра кога забраната за запишување била отстранета[1], муслиманите прво почнале да ги забележуваат хадисите, а потоа и сите други гранки на науките и воспоставиле оригинален систем на образование и класификација на науките. Резултатот на тој труд биле наука за хадис-традиција и стручњаците во таа област, науките за основа на правото на апологетите и други науки.

Дури и грчката филозофија, преведена на арапски чазик, која долго време ја задржала грчката форма, под влијание на средината во целост се именила и содржински и фомално. Најдобра потврда за тоа е тоа што не наоѓаме ниту едно филозофско прашање во теологијата, а кои и денес се во оптек меѓу муслиманите, а нивната основа и доказ да не ги наоѓаме под покривот на кур’анските ајети и хадиси.

Ова тврдење исто така може да се примени и на хуманистичките науки. Примерите на граматиката, синтаксата, стилистиката, семантиката, реториката и воопшто јазикот и неговите правила, говорат дека Божествениот говор, вреден за пофалба и совршен со убавината на стилот во стих и проза и со највисока јазична чистота бил двигател на луѓето на изучување на јазикот и неговите дисциплини. Срцата биле привлечена со Божествениот Говор, тој ги одредил тековите на трансцедентното спознание и поттикнал на изучување на формите на совршениот стилски израз и на оние слоеви тајни под неговите реченици и форми. Под влијание на овие чинители настанале спомнатите јазички науки.

Ибн Аббас бил еден од најголемите коментатори од генерацијата на асхабите на Пратеникот,с.а.в.а. Се докажал во коментирањето на арапската поезија и наредил нејзино собирање и учење. Рекол: ’’Поезијата е антологија на Арапите.’’

Толку големото внимание и интерес ги втемелиле арапската проза и поезија која во делото на Халил бин Ахмед ел-Фарахиди, зналец на поезијата од Басра[2], го достигнала највисокото ниво. Тој е автор на класичното дело ’’Китаб ел-’ајн’’ за јазикот во кое ја поставил науката за лексикографијата и поетската метрика. На ист начин и други научници дале вредни дела на овие две науки.

Историските науки исто така се изведени од хадисот-традицијата. Во почетокот тоа биле кажувања и преданија за пратениците и народите. Сѐ почнало од биографијата на Мухаммед,с.а.в.а., потоа следела историја на појава на исламот, а после тоа општа историја на светот. Делата на историчарите Ет-Табери, Ел-Мас’уди, Ел-Ј’акуби и Ел-Вакиди претставуваат исклучително историска вредност.

Со сигурност можеме да тврдиме дека Кур’анот е првиот двигател на муслиманите за изучување на рационалистичките, природните и математичките науки. Во почетокот тоа се одвивало по пат на преведување и пренесување од други јазици, а потоа муслиманите се осамостоиле во нивното практикување и креирање и се потврдиле во значајните научни истражувања и откритија. Во тоа време, со подршка на муслиманските владетели, науките се преведувани од грчки, сириски и индиски јазик на арапски. На тој начин знаењето и науките биле на дофат на рацете на бројните генерации муслимани. Процесот на утврдување и примена на науките почнал да се шири сѐ додека не достигнал степен на сигурна заснованост и прецизност. Исламската цивилизација која после преселувањето на Пратеникот,с.а.в.а., на Ахирет, опфатила голем голем дел од населениот свет и во него имала апсолутна превласт, а се проширила до нашиот период во кој живеат околу 600 милиони муслимани[3], е само еден од трагите на Чесниот Кур’ан.

(Сакаме да дадеме до знаење дека ние, шиитите, перманентно опонираме на политиката на владетелите и кралевите за да бидеме внимателни кон ширењето на верското образование и целосното следење на исламското право. Веруваме дека светлото на исламот во светот се проширило во толкава мерка затоа што тоа е сјајот на Големиот Кур’ан.)

Неспорно е дека оваа голема промена, која е само една карика во светските случувања, директно ќе влијае на тековите во иднината. Оттука доаѓа и уверувањето дека еден од чинителите на колосалните научни промени кои денес ги наблудуваме, е влијанието на Чесниот Кур’ан.

 

[1] Според мнозинството историчари забраната е отстранета во времето на емевискиот калиф Омер ибн Абду-Азиз, меѓу 99 и 100 година по Хиџра.

[2] Халил ибн Ахмед ебу Абдуррахман ел-Фарахиди, еден од првенците во науката за јачикот и литературата. Ја втемелил науката за лексикографијата. Му бил учител на граматичарот Сибевејх. Познат е по чазичното дело ’’Око’’. Умрел во Басра во 170 година по Хиџра.

[3] Податоците за бројот на муслиманите во светот кои авторот ги користи овде потекнуваат од седумдесетите години на минатиот век.

ОСМИОТ ЕХЛИБЕЈТСКИ ИМАМ, АЛИ ИБН МУСА АР-РИДА, А.С. – 4

ОСМИОТ ЕХЛИБЕЈТСКИ ИМАМ, АЛИ ИБН МУСА АР-РИДА, А.С. – 3

ОСМИОТ ЕХЛИБЕЈТСКИ ИМАМ АЛИ ИБН МУСА АР-РИДА, А.С. – 2

Previous Post

Науки чие изучување ги поттикнува Кур’анот

Next Post

Науки кои се однесуваат на Кур’анот

Категории

  • Обреди
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
  • Од вашето перо

© 2021 ehlibejt.org.

No Result
View All Result
  • Патокази
  • Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • —————-
  • Пратеникот и ехлибејтот
    • Ехли бејт
      • Ехли бејт
    • Пресудни етапи во периодот на присуство на безгрешните
    • Великаните од Ехли-бејтот, а.с.
    • Верните другари на Ехли-бејтот, а.с.
  • Исламски верувања
    • Вера
    • Тевхид – монотеизам
    • ‘Adl – Božija pravednost
    • Нубуввех – веровесништво
    • Имамет – нужност на небесното водство
    • Me’ad – proživljenje
    • Нејаснотии и објаснувања
  • Етика и духовност
    • Прописи на однесување
    • Човекот во односот со самиот себе
    • Човекот во односот со Бога
    • Духовно усовршување
    • Општи дискусии
  • Историја и општеството
  • Семејство и воспитание
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги

© 2021 ehlibejt.org.