Кур’анот – потпора на Пратеништвото
Дали е Кур’анот потпора на Пратеништвото?
Чесниот Кур’ан на неколку места изјавува дека тој е возвишениот Аллахов говор, односно дека тоа е говорот објавен од Аллах, токму со истите овие зборови кои ние ги читаме. Пратеникот а.с. тие зборови ги доби со посредство на Објавата која ја прими од Аллах џ.ш.
За да потврди дека е Аллахов говор и дека не е човечка творба, самиот Кур’ан го предизвикува во своите ајети целото човештво да донесе барем еден ајет како Кур’анот. Тоа укажува дека Кур’анот е натприроден (Му’џиза) и дека никој од луѓето не може да даде нешто такво.
Аллах џ.ш. вели:
أَمْ يَقُولُونَ تَقَوَّلَهُ بَل لَّا يُؤْمِنُونَ فَلْيَأْتُوا بِحَدِيثٍ مِّثْلِهِ إِن كَانُوا صَادِقِينَ
Или зборуваат: „Тој ли го измами?“ Но, не веруваат[1]
Па, нека донесат говор сличен на Кур’анот ако вистината ја зборуваат!
قُل لَّئِنِ اجْتَمَعَتِ الإِنسُ وَالْجِنُّ عَلَى أَن يَأْتُواْ بِمِثْلِ هَـذَا الْقُرْآنِ لاَ يَأْتُونَ بِمِثْلِهِ وَلَوْ كَانَ بَعْضُهُمْ لِبَعْضٍ ظَهِيرًا
Кажи: „Кога би се збрале и џиновите и луѓето да донесат нешто што ќе биде слично на Кур’анот, не ќе можат да донесат ништо слично нему, па било да се помагаат едни со други.“[2]
أَمْ يَقُولُونَ افْتَرَاهُ قُلْ فَأْتُواْ بِعَشْرِ سُوَرٍ مِّثْلِهِ مُفْتَرَيَاتٍ وَادْعُواْ مَنِ اسْتَطَعْتُم مِّن دُونِ اللّهِ إِن كُنتُمْ صَادِقِينَ
Или, пак, ќе речат: „Тој го измисли.“ Кажи: „Па, донесете десет измислени суриња, слични на неговите…![3]
أَمْ يَقُولُونَ افْتَرَاهُ قُلْ فَأْتُواْ بِسُورَةٍ مِّثْلِهِ وَادْعُواْ مَنِ اسْتَطَعْتُم مِّن دُونِ اللّهِ إِن كُنتُمْ صَادِقِينَ
Или, пак, зборуваат: „Тој го измисли.“ Кажи: „Тогаш, донесете едно суре слично нему![4]
وَإِن كُنتُمْ فِي رَيْبٍ مِّمَّا نَزَّلْنَا عَلَى عَبْدِنَا فَأْتُواْ بِسُورَةٍ مِّن مِّثْلِهِ وَادْعُواْ شُهَدَاءكُم مِّن دُونِ اللّهِ إِنْ كُنْتُمْ صَادِقِينَ
Ако сте при сомнение во она што е објавено до робот Наш, тогаш, донесете едно суре што ќе биде слично на нему објавените…![5]
Исто така, Аллах џ.ш. ги предизвикува говорејќи дека во Кур’анот не постои несогласие:
أَفَلاَ يَتَدَبَّرُونَ الْقُرْآنَ وَلَوْ كَانَ مِنْ عِندِ غَيْرِ اللّهِ لَوَجَدُواْ فِيهِ اخْتِلاَفًا كَثِيرًا
Зошто оние не размислуваат за Кур’анот? Да беше тој од некој друг, а не од Аллах, во него ќе најдевте сигурно несогласија големи[6].
Чесниот Кур’ан кој, упатувајќи ги овие предизвици, тврди дека е Аллаховиот говор, на многу места изјавува дека Мухамед а.с. е Пратеник од Аллах испратен и дека е веровесник. Од тоа следува дека Кур’анот е потпора на Пратеништвото и го зајакнува Пратеништвото во неговите тврдења.
Заради тоа, на Пратеникот а. с., му се наредува во некои ајети да го потврди своето Пратеништво со сведоштвото на Аллах џ.ш. Тоа значи, да ја наведе кур’анската потпора за своето Пратеништво.
Кур’анот вели:
قُلْ كَفَى بِاللّهِ شَهِيدًا بَيْنِي وَبَيْنَكُمْ
Кажи: „Меѓу мене и меѓу вас Аллах е доволен Сведок.“[7]
На друго место, во сведоштвото на Аллах се додава и сведоштвото на мелеците за Пратеникот, за тоа, Аллах џ.ш. вели:
لَّـكِنِ اللّهُ يَشْهَدُ بِمَا أَنزَلَ إِلَيْكَ أَنزَلَهُ بِعِلْمِهِ وَالْمَلآئِكَةُ يَشْهَدُونَ وَكَفَى بِاللّهِ شَهِيدًا
Но, Аллах сведочи за она што ти е објавено; со Свое знаење го објави. А и мелеките сведочат. А Аллах е Доволен за Сведок.[8]
[1]Тур, 33-34.
[2] Ел-Исра’, 88.
[3] Худ, 13.
[4] Јунус, 38.
[5] Ел -Бекаре, 23
[6] Ен-Ниса, 82
[7] Ер-Ра’д, 43.
[8] Ен-Ниса’ 166.