• Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги
  • Од вашето перо
No Result
View All Result
ehlibejt.org
Ehli Bejt
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
No Result
View All Result
Ehli Bejt
No Result
View All Result

Смислата на создавањето гледано од кур’анското становиште

5. април 2021.
in Кур’ански учења
A A
Смислата на создавањето гледано од кур’анското становиште

Смислата на создавањето гледано од кур’анското становиште

Во чесниот Кур’ан не можеме да најдеме поткрепа за мислењето за тоа дека среќата е согледана во тоа што повеќе да ги искористуваме уживањата кои што светот ни ги нуди или пак, за што повеќе да знаеме и да имаме уште  поголема сила.

На едно место Кур’анот јасно вели:

Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат. (Ез- Заријат, 56.)

  وَمَا خَلَقْتُ الْجِنَّ وَالْإِنسَ إِلَّا لِيَعْبُدُونِ

Значи, смислата и целта на создавањето на човекот и другото создание наречено џин е ибадетот.

Можеби ова е тешко разбирливо за нас. Каква полза би имал Аллах од ибадетот?

Тој несомнено нема никаква полза. Каква е таа полза на човештвото од ибадетот, кога Аллах го создал поради него? Сепак, во секој случај, Кур’анот експлицитно наведува дека смислата на создавањето на човекот е ибадетот.

Наспроти споменатата теорија која Ахиретот го смета за она што следува и самото се наметнува, некои кур’ански ајети наведуваат – дека ако не би постоел судниот Ден, создавањето би било бесмислено. Тоа значи дека судниот Ден е поставен како цел. Ваквото значење во Кур’ани Керим се спомнува на повеќе места.

 Зарем мислите дека залудно ве создадовме и дека нема да Ни се вратите.

( Ел- Му’минун,115)

أَفَحَسِبْتُمْ أَنَّمَا خَلَقْنَاكُمْ عَبَثًا وَأَنَّكُمْ إِلَيْنَا لَا تُرْجَعُونَ

  Зборот „абетх“ (залудно) се употребува за нешто што нема своја вистинска смисла и цел (наспроти мудроста). Таквото порекнување во овој ајет (како јазичен метод) доаѓа со значење: вие мислевте дека нема никаква мудрост во вашето создавање и дека тоа нема своја оправдана цел и следствено на тоа и создавањето е бесмислено. Потоа, во ајетот доаѓа апозицијата „и дека нема да Ни се вратите“ односно, ако не постои враќање кај Аллах, создавањето би било бесмислено. Во Кур’анот на повеќе места наоѓаме споредување помеѓу кијаметскиот Ден од една страна и прашањето на „вистинското создавање“ од друга страна. Се вели дека тоа е сериозно прашање кон кое не може неодговорно да се однесуваме.

Тоа всушност е еден вид на дедукција. Една вид на кур’анска аргументација за Ахирет претставуа естедлале лемми (estedlale lemmi)– доказ на каузалноста во кој според терминологијата на логиката во след на тоа што овој свет има свој Бог и тој Бог ништо неправи залудно и Неговото делување е вистинско, а кое што не може да биде неисправно и несериозно – создадениот свет има таков Мудар Создател, следува верувањето за враќање кај тој Создател.

Во стварност, судниот Ден и враќањето кај Аллах го оправдуваат создавањето на овој свет.

Во Кур’ани Керим нема да наидеме на било што, што би ни укажало на тоа дека човекот е создаден за повеќе да осознае и повеќе да може, за да би можел со знаењето и можноста (силата) да ја постигне посакуваната цел.

Човекот е создаден поради обожување на Аллах и тоа обожување ја претставува целта и смислата. Ако човекот знае и уште повеќе сознава, ако може и уште повеќе доаѓа во можност, но во меѓувреме не го поседува спознанието на Аллах (кое е претпоставка на ибадетот) и не го практикува ибадетот на Аллах, тогаш тој човек не оди по патот на смислата и целта на создавањето и според кур’анското гледиште не се вбројува меѓу среќните луѓе. Веровесниците – од кур’анска гледна точка – доаѓале за да им го покажат на луѓето патот на среќата, а според нив тој пат е ибадетот на Аллах.

Во оваа смисла, основната цел на животот според Исламот е само и единствено обожуван Аллах.

Кур’анот сака да го изгради човекот и да му даде смисла и тежина, а единствена смисла која што исламот посакува да ја даде, тоа е Аллах и ништо повеќе.

Сè останато има улога на вовед, а не аспект на основата, независна и главна смисла.

Ајетите кои го опишуваат совршениот човек или говорат со јазикот на тој човек, го дефинираат како човек кој прецизно ја одредил својата цел, се упатил кон неа и делува согласно со неа. Со јазикот на Ибрахим, а.с, Кур’ани Керим вели:

Јас го насочувам лицето свое како вистински верник, кон Тој што небесата и Земјата ги создал, јас не сум од многубошците! (Ел- Ен’ам, 79)

وَجَّهْتُ وَجْهِيَ لِلَّذِي فَطَرَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ حَنِيفًا  وَمَا أَنَا مِنَ الْمُشْرِكِينَ

 И клањањето мое, и обредите мои, и животот мој, и смртта моја, навистина Му се посветени на Аллах, Господарот на световите.  (Ел-Ен’ам, 162)

إِنَّ صَلَاتِي وَنُسُكِي وَمَحْيَايَ وَمَمَاتِي لِلَّـهِ رَبِّ الْعَالَمِينَ

Монотеизмот кој го заговара Кур’анот (Кур’анско единство), не е само идејно единство; кога човекот верува дека појдовната точка на светот е Една, неговиот Создател е Еден. Тоа уште е и единство на посебно ниво на човекот, кога човекот верува дека Создателот на светот нема другар, набљудувајќи го од гледиште на исламската апологетика, а од становиште на целта – да стигне таму каде што доликува тоа да биде единствена цел, а тоа е само Тој и ништо друго. Секако, другите цели произлегуваат од оваа главна цел, а тие не се ниту темелни, ниту независни. Тие своето постоење  го црпат од главната цел.

Во Исламот сѐ се врти околу божественото јадро, сеедно дали се работи за смислата на праќањето на веровесници или за смислата на овоземниот живот за секој поединец.

Сега ќе го разгледаме прашањето во кое Кур’анот, смислата на создавањето ја гледа во чинењето на ибадетот. Зборувајќи за совршениот човек и целта на неговиот живот, Кур’анот со јазикот на Ибрахим, а.с, вели:

И клањањето мое, и обредите мои, и животот мој, и смртта моја, навистина Му се посветени на Аллах, Господарот на световите.  (Ел-Ен’ам, 162)

Алудира на искреност. Искрен и прочистен роб во чие битие доминира  само мислата за Аллах и за ништо друго.

Зборувајќи за смислата (целта) на испраќање на веровесници Кур’анот употребува различни јазични синтагми. На едно место вели:

О Веровеснику! Ние те пративме како сведок и како носител на радосни вести и како Пратеник кој опоменува, и да повикува кон Аллах, по Негова наредба и како светилка која сјае.  (Ел-Ахзаб, 45-46)

يَا أَيُّهَا النَّبِيُّ إِنَّا أَرْسَلْنَاكَ شَاهِدًا وَمُبَشِّرًا وَنَذِيرًا  وَدَاعِيًا إِلَى اللَّـهِ بِإِذْنِهِ وَسِرَاجًا مُّنِيرًا

На други места, зборувајќи за некои или за сите Пратеници се изразува со општ израз:

Тој ги изведува од темнините на светлина.

(Ел-Бекаре, 257)

يُخْرِجُهُم مِّنَ الظُّلُمَاتِ إِلَى النُّورِ

Јасно е дека некои реченици експлицитно повикуваат на запознавање на Аллах, додека Веровесниците се спона или врска меѓу созданијата и Создателот.

 

 

Смислата на создавањето и смислата на испраќање на Веровесници

Кур’анот – потпора на Пратеништвото

Кур’анот, најдобриот устав на животот

Tags: Кур’ански учењаКуранотСтворање
Previous Post

Различни мислења за човековата среќа

Next Post

Смислата на создавањето и смислата на испраќање на Веровесници

Категории

  • Обреди
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
  • Од вашето перо

© 2021 ehlibejt.org.

No Result
View All Result
  • Патокази
  • Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • —————-
  • Пратеникот и ехлибејтот
    • Ехли бејт
      • Ехли бејт
    • Пресудни етапи во периодот на присуство на безгрешните
    • Великаните од Ехли-бејтот, а.с.
    • Верните другари на Ехли-бејтот, а.с.
  • Исламски верувања
    • Вера
    • Тевхид – монотеизам
    • ‘Adl – Božija pravednost
    • Нубуввех – веровесништво
    • Имамет – нужност на небесното водство
    • Me’ad – proživljenje
    • Нејаснотии и објаснувања
  • Етика и духовност
    • Прописи на однесување
    • Човекот во односот со самиот себе
    • Човекот во односот со Бога
    • Духовно усовршување
    • Општи дискусии
  • Историја и општеството
  • Семејство и воспитание
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги

© 2021 ehlibejt.org.