Кур’анот е универзална книга
Поради што Кур’анот е универзална книга?
Кур’анот, во своите теми не се посветува само на еден народ како што е , на пример, арапскиот народ. Кур’анот исто така,неиздвојува некоја група посебно, како што се муслиманите. Имено, Кур’анот управува со својот дискурс и кон немуслиманите, како што зборува и за муслиманите.
Аргументи за ова тврдење се многуте обраќања во Кур’анот насочени кон идолопоклониците, паганите, политеистите, следбениците на Книгата, Евреите, Израиловите синови, христијаните… Ги наведува доказите за секоја од овие групи и ги повикува кон своите вистински спознавања и размислувањето за неговите благородни тврдења и ајети
Кур’анот полемизира со секоја од тие групи и ги повикува во верата, без да го насочува и ограничува својот дискурс на самите Арапи.
Така, Кур’анот им вели на идолопоклониците:
فَإِن تَابُواْ وَأَقَامُواْ الصَّلاَةَ وَآتَوُاْ الزَّكَاةَ فَإِخْوَانُكُمْ فِي الدِّينِ
Но, ако се покајат и почнат намазот (молитвата) да го извршуваат и зекат да даваат, браќа ви се по вера.[1]
Исто така, Кур’анот им вели на следбениците на Книгата:
قُلْ يَا أَهْلَ الْكِتَابِ تَعَالَوْاْ إِلَى كَلَمَةٍ سَوَاء بَيْنَنَا وَبَيْنَكُمْ أَلاَّ نَعْبُدَ إِلاَّ اللّهَ وَلاَ نُشْرِكَ بِهِ شَيْئًا وَلاَ يَتَّخِذَ بَعْضُنَا بَعْضاً أَرْبَابًا مِّن دُونِ اللّهِ
Кажи: „О, следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за боженства да не се сметаме!“[2]
Забележуваме дека Возвишениот Аллах својот говор во овој и во други слични благородни ајети, него насочува, ниту посебно го искажува со зборовите: „Ако политеистите Арапи се покајат…“, ниту вели:„О, следбеници на Книгата меѓу Арапите“, ниту кажал нешто друго слично на тоа, а што би се однесувало посебно на некоја одредена група.
Се разбира, во самиот почеток на исламот – додека тој и по исламското повикување не беше проширен и додека небеше излезен од рамките на Арапскиот полуостров – имало обраќања упатени кон Арапите. Меѓутоа, од шестата година по Хиџра, кога исламскиот повик се прошири и ги прејде границите на Арапскиот полуостров, немаше и не остана место за упатување на Кур’анскиот говор кон некоја посебна заедница.
Низ благородните ајети кои беа наведени претходно, има и други ајети кои упатуваат на тоа сеопшто исламско повикување, како што се Аллаховите зборови:
وَأُوحِيَ إِلَيَّ هَذَا الْقُرْآنُ لأُنذِرَكُم بِهِ وَمَن بَلَغَ
А мене овој Кур’ан ми се објавува за со него вас и тие до кои тој ќе допре да ги опоменувам.[3]
وَمَا هُوَ إِلَّا ذِكْرٌ لِّلْعَالَمِينَ
А Кур’анот е само опомена за целиот свет![4]
إِنْ هُوَ إِلَّا ذِكْرٌ لِّلْعَالَمِينَ
Кур’анот е навистина Опомена за целиот свет![5]
نَذِيرًا لِّلْبَشَرِ
Кур’анот за луѓето е опомена![6]
Гледано од историска гледна точка, забележуваме дека многу од идолопоклониците, Евреите и христијаните се одзвале на исламскиот повик, како и тоа дека една група на луѓе од неарапска националност го прифатила исламот како што се Селман Фариси, Сухејб Руми, Билал Хабеши и слични на нив.
[1]Ет- Теуба , 11
[2]Али Имран,64
[3]Ел- Енам, 19
[4]Ел-Калем, 52
[5]Сад, 87
[6]Муддессир, 36