• Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги
  • Од вашето перо
No Result
View All Result
ehlibejt.org
Ehli Bejt
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
No Result
View All Result
Ehli Bejt
No Result
View All Result

Општествени поделби и поларизации

5. априла 2021.
in Општество
A A
Општествени поделби и поларизации

Општествени поделби и поларизации

Како е поделена внатрешноста на општеството?

Иако го обележува некој вид на единство, општеството, или барем некои од општествата, во својата внатрешност се поделени на различни, па дури и на спротивставени групи, класи и слоеви. И можно е, иако е единствено, општеството во себе да биде поларизирано и поделено. Значи, општеството го обележува единство проследено со мноштво и мноштво проследено со единство или, како што се изразувале исламските научници, со општествата владее единство во мноштвото и мноштво во единството.

По прашање на мноштвото и видот на мноштвото, во општеството постојат две познати теории. Една теорија е заснована на историскиот материјализам и дијалектичкиот судир. Според оваа теорија, основата ја чини приватната сопственост. Во општествата во кои не постои приватна сопственост како што се првобитните заедници или општествата кои ќе бидат воспоставени во иднина, во основа не постои поларизација на истото. Но, во општествата во кои превладува приватната сопственост, општеството нужно е биполарно. Значи општеството, или е моно-поларно или биполарно и не постои трета опција. Во биполарните општества луѓето се делат на угнетувачи и угнетени и освен овие две страни, владетели и оние над кои се владее, други групи не постојат. И останатите делови на општеството, како што се филозофијата, моралот, верата и уметноста, исто така ја попримаат токму оваа боја.

Значи, само за пример, со општеството владеат два видови на филозофија, морал, вера, итн. и секоја од нив има обележја на посебна економска класа. Ако претпоставиме дека превладува една филозофија, еден морал и една вера, општеството пак ќе има повеќе обележја на едната од класите и кога-тогаш ќе се наметне на онаа другата. Меѓутоа, не постои можност за постоење на филозофија, уметност, вера или морал независни од економската класа и без нејзини обележја.

Другата теорија застапува став дека поларизацијата на општеството не зависи од сопственоста, туку и самите културни, општествени, расни и идеолошки матрици исто така можат да бидат извориште на поларизација на општеството. Културните и идеолошките матрици можат да имаат клучна улога и да го поделат општеството, не на два, туку дури и на повеќе спротивставени полови, исто како што се во можност да предизвикаат појава на моно-поларно општество, а тоа да не биде исклучиво последица на сопственоста во општеството.

Сега да видиме какав е ставот на Кур’анот за мноштвото во општеството. Го прифаќа ли тој мноштвото и различноста или не го прифаќа? Ако го прифаќа, зазема ли Кур’анот став за биполарната поделба на општеството и тоа врз основа на сопственоста или во некој друг облик? Се чини дека изведувањето на општествената терминологија од Кур’анот и одредувањето на ставот на Кур’анот за значењето на тие термини е најдобар, или барем добар начин за да дознаеме каков е ставот на Кур’анот за оваа тема. Општествените термини во Кур’анот се од два вида. Некои од општествените термини се врзани за една општествена појава, како што се народ, верозакон (Шеријат), јасен пат, општ непроменлив закон и слично на тоа. Ние нема да расправаме за тие термини. Меѓутоа, постојат и други термини кои се сметаат за општествени називи за сите воопшто или за некои групи на луѓе. На основа на овие зборови, можно е да се одреди становиштето на Кур’анот. Тоа се термините како: кавм (народ), уммет (општество, народ, вера), нас (луѓе), шу‘уб (племе, народ), кабаил (племиња, народи), ресул (пратеник), небијј (веровесник), имам (предводник), велијј (заштитник), му’мин (верник), кафир (неверник), мунафик (лицемер), мушрик (идолопоклоник), музебзеб (колеблив, неодлучен), мухаџир (иселеник, бегалец), муџахид (борец на Божјиот пат), сиддик (искрен), шехид муттеки (богобојажлив), снох (добар), муслих (оној који поправа, обновител), муфсид (оној кој расипува, шири побуна), оној кој упатува на добро, оној кој одвраќа од зло, ном (просветен, учен), насих (советник), зном (силник, неправеден), хнофе (намесник), раббани (верен на Бога), рибби (верен на Бога), кахин (пророк), рухбан (монах), ахбар (свештеник), џеббар (горделив, силник), ‘āли (возвишен), муста‘ли (оној кој се издигнува), мустекбир (суетен), мустад‘аф (угнетен, немоќен), мусриф (расипник), мутриф (оној кој е опиен од раскошен живот), тагут (идол), меле’ (главешина), мулук (владетели), гани (богат), факир (сиромашан), мемлук (слуга, роб), мнок (сопственик), хурр (слободен), ‘абд (роб), Рабб (Господар), итн.

Секако дека постојат и други зборови, наизглед слични на овие, како што се: мусалли (оној кој извршува молитва), мухлис (искрен), садик (вистинољубив), мунфик (милодарен), мустагфир (оној који моли прошка), таиб (покајник), ‘абид (оној кој му се клања на Бога), хамид (кој Бога го фали) и слични на нив, но овие зборови се изречени исклучиво да укажат на некои активности, а не на некои групи. Заради тоа, нема можност овие зборови да укажуваат на општествените групи, поделби и поларизацијата.

Потребно е детално и точно да ги проучиме и анализираме ајетите во кои се споменуваат термините од првата група, посебно оние кои се однесуваат на општествените насоки, за да се разјасни дали може сите овие термини да се одвојат во две групи или треба да се поделат на повеќе групи. Ако, на пример, сите ги класифицираме во две групи, кои се во тој случај обележјата на тие групи? На пример, можат ли сите тие да се поделат во групи: верник и неверник – што укажува на верската определба, или, да кажеме, во групи: богати и сиромашни – што укажува на економската положба?

Со други зборови, треба да се види дали сите овие поделби на крај се враќаат на една основна поделба, додека сите останати се споредни и второстепени, или не? И ако се враќаат и се сведуваат на една поделба, за која поделба станува збор?

Некои сметаат дека кур’ански став за општеството е од типот на набљудување низ призмата на биполарната поделба. Од кур’анското становиште, општеството на прво место се дели на владеачки пол – угнетувачи и друга страна, онаа која е угнетувана, искористувана и поробена. Владеачкиот пол или слој е оној за кој Кур’анот го користи изразот горделиви, силници, а искористувани се оние за кои Кур’анот го користи изразот немоќни, угнетени. Останатите поделби, како што се поделбата на верници и неверници, монотеисти и идолопоклоници или поделбата на добри и расипани, имаат спореден карактер. Значи, горделивоста и искористувањето доведуваат до неверство, идолопоклонство, лицемерие и слично на тоа. Од друга страна, угнетеноста води во насока на верата, селидбата (хиџра), борбата (џихадот), добрината, преобразувањето и слично на тоа. Со други зборови, коренот и исходиштето на она што Кур’анот го гледа како верско, морално или практично отстапување е посебната состојба на економските односи, односно искористувањето. Коренот и исходиштето на она што Кур’анот во поглед на верата, моралот и делата го потврдува и одобрува, во основа е – угнетеноста.

Човековата свест е природно одредена и се наоѓа под влијание на состојбата на човековиот материјален живот. Без промена во состојбата на материјалниот живот, нема можност да се промени духовната, умствената и моралната состојба на народот. Заради тоа Кур’анот ја смета за исправна и темелна општествената борба во вид на класна борба. Значи, се дава предност и изворност на општествената борба во однос на верската или моралната борба.

Од становиште на Кур’анот, неверниците, лицемерите, идолопоклониците, расипаните, грешниците, силниците и сличните на нив се појавуваат од групата на оние кои Кур’анот ги нарекува: оној кој е опиен со раскошниот живот, расипник, главешини, кралеви, управители, оние кои се гордеат и сл. Невозможно е овие групи да се појават од некоја друга класа, исто како што пратениците, веровесниците, предводниците, искрените, шехидите, борците, иселениците, верниците и слични на нив се појавуваат во класата на угнетените и невозможно е да се појават во спротивната класа. Значи, горделивоста и угнетеноста градат општествена свест. Горделивоста и угнетеноста даваат насока, сите други димензии на општествениот живот се вчитување на угнетувањето и угнетеноста.

Кур’анот, не само што двете наведени групи ги смета за очитување и показатели на двата основни пола: насилство и угнетеност, туку укажува и на низа на позитивни и добри особини како што се чесност, крепостност, искреност, почитување на Бог, луцидност, благост, милосрдност, човечност, скрушеност, дарежливост, пожртвуваност, стравопочитување, понизност, како и на низа лоши особини како што се лага, предавство, грешно однесување, самоувереност, обожување на страстите, бесчувствителност, тврдо срце, скржавост, горделивост и други.

Првиот збир на особини во целина се набљудуваат како особини на угнетените, а вториот збир како особини на угнетувачите. Значи,  угнетувањето и угнетеноста, не само што се исходиште на различни и спротивни групи, туку се и извориште на спротивни морални особини и обележја. Угнетувањето и угнетеноста се основа и темел на сите насоки, тежнеења, избори и дури и на сите културни и цивилизациски траги и вчитувања. Моралот, филозофијата, уметноста, книжевноста и верата кои се појавуваат во класата на угнетувачите се показател на општествената насока на таа класа. Сето ова е насочено кон оправдување на постоечката состојба и сето тоа, исто така е фактор за задржување на нејзината непроменливост, наспроти моралот, филозофијата, книжевноста, уметноста или верата чие извориште е во класата на угнетените и кои просветлуваат и даваат револуционерен полет.

Полот на кој што се наоѓаат горделивите е назаден заради угнетувањето и узурпирањето на општествените привилегии, застарен и примитивен, додека на другата страна е полот на угнетените кој е освестен, напреден, револуционерен и полн со енергија и движење.

Накратко, според застапниците на ова мислење, Кур’анот ја потврдува теоријата дека материјалната состојба е она што го гради човекот и одредува на која група му припаѓа, го насочува и го одредува неговиот, морален, верски и идеолошки статус и статус на разумот воопшто, од збирот на кур’анските ајети, може да се заклучи дека Кур’анот своите учења ги засновал на тие темели. Според тоа, припадноста и поврзаноста со еден одреден пол е мерило за сè останато. На основа на тоа мерило може да се проверат одредени ставови: тврдењата дека некој е верник, обновител, водач па дури и предводник (имам) и веровесник треба да бидат потврдени или отфрлени на основа на тоа мерило.

Во стварност, ова мислење претставува материјалистички поглед на човекот и општеството. Без сомневање, Кур’анот поклонува посебно внимание на општествената положба на луѓето. Меѓутоа, значи ли тоа дека Кур’анот сите поделби и поларизации ги објаснува и толкува на основа на тоа мерило?! Според нашето мислење, ваквиот став за општеството не е во склад со ставот на исламот за човекот и општеството и произлегол од површно проучување на кур’анската проблематика. Повеќе детаљи за тоа прашање можете да прочитате овде: Дали природата на историјата е материјална?

No Content Available
Tags: Општествени поделби и поларизацииопштеството
Previous Post

ЉУБОВТА КОН ЕХЛИ БЕЈТ

Next Post

Различни мислења за човековата среќа

Please login to join discussion
  • Пратеникот и ехлибејтот (0)
    • Ехли бејт (15)
    • Пресудни етапи во периодот на присуство на безгрешните (1)
    • Великаните од Ехли-бејтот, а.с. (0)
    • Верните другари на Ехли-бејтот, а.с. (0)
    • Божјиот Пратеник Мухаммед с.а.в.а (2)
    • Заповедникот на верниците,Имамот Али а.с. (0)
    • Хазрети Фатима Зехра а.с. (0)
    • Имамот Хасан Муџтеба а.с. (0)
    • Имамот Хусејн Сејјиду-ш-Шухеда а.с. (0)
    • Имамот Али ибн Хусејн Зејнул-л-Абидин а.с. (0)
    • Имамот Мухаммед ибн Али Бакир а.с. (0)
    • Имамот Џафер ибн Мухаммед Садик а.с. (0)
    • Имамот Муса ибн Џафер Казим а.с. (0)
    • Имамот Али ибн Муса Рида а.с. (0)
    • Имамот Мухаммед ибн Али Џевад а.с. (0)
    • Имамот Али ибн Мухаммед Хади а.с. (0)
    • Имамот Хасан ибн Али ′Аскери а.с. (0)
    • Имамот Мухаммед ибн Хасан Мехди а.с. (0)
  • Исламски верувања (0)
    • Вера (7)
    • Тевхид – монотеизам (10)
    • ’Адл – Божја праведност (4)
    • Нубуввех – веровесништво (2)
    • Имамет – нужност на небесното водство (3)
    • Ме’ад – проживување (1)
    • Нејаснотии и објаснувања (0)
  • Етика и духовност (0)
    • Општи дискусии (0)
    • Човекот во односот со Бога (2)
    • Човекот во односот со самиот себе (1)
    • Човекот во односот со другите (0)
    • Духовно усовршување (1)
    • Прописи на однесување (0)
    • Дова (0)
  • Историја и општеството (5)
    • Општество (1)
    • Историја (1)
    • Од историјата (0)
  • Семејство и воспитание (0)
    • Семејство (0)
    • Воспитание (0)
    • Дете (0)
  • Шиизам – школа на Ехли-бејт, а.с. (0)
    • Шиизам (0)
    • Тие што се упатиле на правиот пат (0)
    • Исламски школи (0)
  • Благороден Кур’ан (0)
    • Општи дискусии за Кур’анот (6)
    • Историја на Кур’анот (2)
    • Кур’ански науки (0)
    • Кур’анот и науката (4)
    • Кур’ански учења (3)
  • Обреди
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
  • Од вашето перо

© 2021 ehlibejt.org.

No Result
View All Result
  • Kur’an
  • Obredoslovlje
  • Дома
  • Контакт
  • Мултимедија
  • Патокази

© 2021 ehlibejt.org.

  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам