Како атеистите ја толкуваат Објавата?
Атеистите кои не веруваат во Возвишениот Аллах, Пратеништвото, Објавата, Божјите заповеди, наградата, казната, Џеннет и Џехеннем ги сметаат за чиста верска политика. Тие сметаат дека сето ова е лага која се изнесува заради посебни важни интереси во нашиот живот. Тие сметаат дека пратениците биле реформатори кои се појавиле со реформаторски програми во верска форма. Со оглед на тоа што луѓетово минатите времиња биле загазени во незнаење, насилство и празноверие, пратениците им поставиле верски системи во сенка на серија празноверни учења кои се претставени како прашања за почетокот и крајот на светот.