Значењето на науката во Кур’анот
Чесниот Кур’ан на таков начин го величи значењето и угледот на науката што во тоа не му претходело сличен пример во другите небесни книги. Како пример доволно е да се наведе дека предисламскиот период на Арапите е наречен ’’период на незнаење’’, а во Кур’анот наоѓаме стотици ајети кои заговараат наука и спознание и ја изразуваат големината на науката и нејзиното високо место во животот на човекот. Возвишениот Аллах, поттикнувајќи го човекот на она што е највредно, го вели следното:
Кој човекот го поучува на она што не го знае.
Аллах, оние меѓу вас кои веруваат и на кои им е дадено знаење, на високи степени ќе ги воздигне.
Зарем се исти оние кои знаат и оние кои не знаат?
Покрај овие постојат уште многу ајети кои повикуваат на величење на науката. Во хадисите на Божјиот Пратеник,с.а.в.а., и неговото семејство,а.с., се наоѓаат сведоштва кои обилно поттикнуваат на изучување на науката и ја истакнуваат нејзината важност и големина.