Вечен
من الحی الذی لا یموت الی الحی الذی لا یموت
“Од Живиот Кој не умира, на живиот кој не умира.”
Овие се зборовите кои Господарот ќе ги упати до џенетлиите кога ќе влезат во џеннет. Нема сомнение дека во нас е вдахнат божјиот дух. Оваа реалност ја потврдуваат многу ајети. Со исправно воспитување и покорност кон Бог, човекот може да му се приближи Нему доволно за да му даде некои овластувања да управува со Негово допуштање. Ова е толку фасцинантно, едно суштество кое пред сè било ништо, потоа нечиста течност, потоа, со Неговата сила, мудрост и волја станал суштество кое зборува, размислува, разбира, ги поима минатото, иднината … еден ден дадојде во ситуација Тој да го стави во ист ранг со Себе! Сепак, постои една разлика која е забележлива од наведеното, а тоа е дека ние не сме вечни во поглед на нашиот пра-искон, но сме вечни во поглед на завршницата. Со други зборови, разликата помеѓу нас и Оној кој нас не направил вечни се согледува во тоа што Тој е отсекогаш и засекогаш, а ние не сме отсекогаш, но сме засекогаш. Со оглед на тоа дека сме настанале од ништо, или подобро да се каже – од Неговата милост и дека нужно ќе му се вратиме Нему, односно додека го пишувам ова, се враќам, тогаш треба добро да се размисли во каква состојба ќе се сретнеме со Него. Нека тоа биде нашата најголема грижа. Само да додадам за крај дека моментот на нашата средба е крајно неизвесен, а за наша вечна среќа е предвиден и затоа не би смееле да си играме со толку чувствителни и судбоносно важни прашања.