• Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги
  • Од вашето перо
No Result
View All Result
ehlibejt.org
Ehli Bejt
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
No Result
View All Result
Ehli Bejt
No Result
View All Result

Аргумент на Божјата праведност

8. априла 2021.
in ’Адл - Божја праведност
A A
Аргумент на Божјата праведност

Аргумент на Божјата праведност

Као што укажавме, Божјата правда, во согласност со едно објаснување ќе биде дел на Божјата мудрост, а во согласност со друго објаснување ќе биде мудрост конкретно. Природно е дека аргументот со кој се докажува ќе биде истиот аргумент со кој се докажува Божјата мудрост, за што веќе претходно пишувавме, а сега ќе понудиме пообемни објаснувања. Јасно ни е дека Возвишениот Бог поседува најголеми степени на моќ и волја и сè она што може да биде создадено, ќе го создаде или нема да го создаде, без паѓање под влијание на било какви притисоци и моќи кои би Го довеле во состојба да мора така да постапи. Треба да се знае дека Тој не прави сè што може, туку прави сè што сака. Исто така, стана очигледно дека Неговата волја не е залудна, ниту бесмислена, туку Тој го сака она што го бараат Неговите својства на совршеност. Доколку Неговите својства не бараат некое дело, никогаш нема ни да го направи. Со оглед на тоа дека Аллах е апсолутно совршенство, Неговата волја првенствено се врзува за аспектот совршеност и добро кај битијата и доколку за постоењето на едно битие е неопходно и постоење на зло и недостаточност во светот, во тој случај, аспектот на злото во него ќе биде пожелен заради поголемото добро. Имено, тоа мало зло е неодвоиво од поголемото добро и заради тоа поголемо добро станува предмет на Божјата волја. Значи, својствата на Божјата совршеност бараат Светот да биде создаден така што да има најголема мера на совршенство и можно остварливо добро. Со тоа е докажано својството на Божјата мудрост. Токму врз основа на ова, Божјата волја се однесува на создавањето на човекот во услови во кои постои можност за негово постоење и во кои неговото постоење ќе биде извор на секакво добро, така што една од основните предности на човекот е тоа што поседува слобода на волја и избор, а без никакво сомневање, поседувањето на слободна волја и избор се вбројува во егзистенцијално совршенство и битието кое ги поседува е посовршено од она битие кое не ги поседува. Сепак, човековата слободна волја воедно бара и тој да може да прави добри дела и така да се движи кон конечно и вечно совршенство, како што може да прави и лоши дела и така да се движи кон несреќа, загуба, пад. Секако, она што првенствено е врзано за Божјата волја е патот на усовршувањето, но во насока на тоа што постоењето на слободната волја на човека подразбира дека може и да се пропаѓа – што се случува во случај кога се следат барањата на душата и шејтанскиот поттик – и таквиот пад, избран со човековата слободна волја, по природен редослед ќе биде опфатен со Божјата волја. Заради фактот дека извесен избор бара исправно познавање на патиштата на доброто и злото, Возвишениот Бог му го наредил на човекот она што ќе биде повод за негово добро и негова полза, а му го забранил и го одвратил од она што е повод за пад и штетно за него, за на тој начин да бидат осигурени средства за усовршувачко движење. Со оглед на тоа дека Божјите закони се пропишани за да може човекот да стигне до нивните практични резултати и со себе не носат никаква полза за Возвишениот Бог, од тука, Божјата мудрост бара прописите да бидат ускладени со моќите на оние на кои им се пропишани и благодарение на тој факт, обврските кои е невозможно да бидат извршени, ниту е возможно да им се покориме, се бесмислени и залудни. По овој редослед, првиот степен на правдата (во посебно значење) подразбира праведност кога е во прашање пропишувањето на обврски, затоа што ако Возвишениот Бог би пропишал обврска која е над моќта и можноста на луѓето, тие не би биле во состојба да ја извршат и таквото нешто би било неразумно. Исто така, правдата на ниво на судење помеѓу робовите се обелоденува кога ќе земеме предвид дека судењето помеѓу робовите се одвива со цел одредување на фактот дали поединецот заслужува некаква форма на казна или награда. Доколку судењето би било извршено спротивно на правдата, тоа би подразбирало дека нема да се постигне посакуваната цел. На крај, правдата се зацврстува со наградување и казнување, притоа земајќи ја предвид крајната цел на создавањето. Доколку Оној Кој го создаде човекот така да ги собира плодовите на добрите и да ги трпи последиците на лошите сопствени дела и постапки, би го наградил или казнил спротивно од она што го налагаат неговите дела, Тој не би ја постигнал Својата цел.

No Content Available
Tags: Божјата праведност
Previous Post

Божја правда

Next Post

Решение на неколку приговори на тема Божја правда

Please login to join discussion
  • Пратеникот и ехлибејтот (0)
    • Ехли бејт (15)
    • Пресудни етапи во периодот на присуство на безгрешните (1)
    • Великаните од Ехли-бејтот, а.с. (0)
    • Верните другари на Ехли-бејтот, а.с. (0)
    • Божјиот Пратеник Мухаммед с.а.в.а (2)
    • Заповедникот на верниците,Имамот Али а.с. (0)
    • Хазрети Фатима Зехра а.с. (0)
    • Имамот Хасан Муџтеба а.с. (0)
    • Имамот Хусејн Сејјиду-ш-Шухеда а.с. (0)
    • Имамот Али ибн Хусејн Зејнул-л-Абидин а.с. (0)
    • Имамот Мухаммед ибн Али Бакир а.с. (0)
    • Имамот Џафер ибн Мухаммед Садик а.с. (0)
    • Имамот Муса ибн Џафер Казим а.с. (0)
    • Имамот Али ибн Муса Рида а.с. (0)
    • Имамот Мухаммед ибн Али Џевад а.с. (0)
    • Имамот Али ибн Мухаммед Хади а.с. (0)
    • Имамот Хасан ибн Али ′Аскери а.с. (0)
    • Имамот Мухаммед ибн Хасан Мехди а.с. (0)
  • Исламски верувања (0)
    • Вера (7)
    • Тевхид – монотеизам (10)
    • ’Адл – Божја праведност (4)
    • Нубуввех – веровесништво (2)
    • Имамет – нужност на небесното водство (3)
    • Ме’ад – проживување (1)
    • Нејаснотии и објаснувања (0)
  • Етика и духовност (0)
    • Општи дискусии (0)
    • Човекот во односот со Бога (2)
    • Човекот во односот со самиот себе (1)
    • Човекот во односот со другите (0)
    • Духовно усовршување (1)
    • Прописи на однесување (0)
    • Дова (0)
  • Историја и општеството (5)
    • Општество (1)
    • Историја (1)
    • Од историјата (0)
  • Семејство и воспитание (0)
    • Семејство (0)
    • Воспитание (0)
    • Дете (0)
  • Шиизам – школа на Ехли-бејт, а.с. (0)
    • Шиизам (0)
    • Тие што се упатиле на правиот пат (0)
    • Исламски школи (0)
  • Благороден Кур’ан (0)
    • Општи дискусии за Кур’анот (6)
    • Историја на Кур’анот (2)
    • Кур’ански науки (0)
    • Кур’анот и науката (4)
    • Кур’ански учења (3)
  • Обреди
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
  • Од вашето перо

© 2021 ehlibejt.org.

No Result
View All Result
  • Kur’an
  • Obredoslovlje
  • Дома
  • Контакт
  • Мултимедија
  • Патокази

© 2021 ehlibejt.org.

  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам