За причините за склоноста и популарноста на принудата (детерминизмот)
Како што е нагласено во претходното поглавје, еднобоштвото во независното вршење на влијание спаѓа помеѓу вредните спознанија кои играат голема улога во изградбата на луѓето. Токму затоа, во чесниот Кур’ан, на оваа тема ѝ се придава големо внимание и со различни објаснувања создадени се предуслови за нејзино исправно разбирање, помеѓу другото и сметањето на сите појави како условени со Божјата дозвола, волја, предодредување и судбина. Секако, исправното разбирање на оваа тема, од една стране бара умствен и рационален развој, а од друга бара исправно поучување и објаснување. Луѓето кои рационално не се развиле доволно, или кои не го искористиле учењето на безгрешните предводници и истинските толкувачи на Кур’анот, се тетерават на ова поле, сфаќајќи го ова прашање во значење на припаѓање на секој вид на влијание и каузалност на Возвишениот Господар и наспроти експлицитниот текст на бројните јасни кур’ански ајети, го порекнуваат секој вид на каузалност и влијателност на причинителите и средствата и се обидуваа да го појаснат ова прашање во насока на тоа дека Божјиот обичај е таков што дури при постоење на огнот создава топлина или дека во моментот на внесување на храна или вода во организмот се создава ситост и се гаси чувството на жед, а во спротивно, огнот, храната и водата немаат влијание врз топлината, ситоста и гаснењето на жедтта! Лошата последица на ова искривено сфаќање станува очигледна тогаш кога вниманието се посветува на истражувањето на човековите дела изродени на слободната волја и човековата одговорност. Значи, ефектот на ваквиот начин на размислување се сведува на тоа дека и човековите дела се врзуваат непосредно за Бог, а човековата активност во врска со нив се доведува во прашање. Со други зборови, један од разорних производа овог искривлјеног мишлјења јесте став о присилјености те порицање човјекове одговорности, односно порицање најважније човјекове особине. Свакако, тоа истовремено значи и испразност на секој воспитно-морален и правен систем, помеѓу другото и исламскиот шеријатски правен систем, затоа што доколку човекот нема слободна волја во извршувањето на делата, во тој случај нема место за обврска и задолжување, наредби и забрани, награди и казни. Ова би поставило празнотија и бесмисленост на редот на создадениот свет, затоа што, како што е разбирливо во чесните ајети, преданија и рационалните докази, целта на создавањето на светот на природата е во подготовката на теренот за создавање на човекот, за тој, со своите дела, врз основа на слободната волја, со робување на Бога, да стигне до најголемото можно совршенство и позиција на блискост со Бога и да стане достоен да му се подарат посебните милости на Господарот. Меѓутоа, во случај кога човекот не поседува слобода на волјата и одговорност, нема да биде заслужен да ја добие наградата, вечната благодат и Божјото задоволство, а целта на создавањето ќе биде поништена, додека светот на создавањето ќе се претворит во голема сцена на која игра ноќна куклена претстава во која луѓето се само кукли лишени од секоја слобода, а потоа некои од нив се пофалени и наградени, а други се прекорени и казнети. Најважниот чинител кој придонел за омиленоста и ширењето на овој опасен став се политичките цели на неправедните власти. Тие, преку ваквите учења можеа да ги правдаат своите неподобни постапки и на тој начин да ги натераат неинформираните маси да ја прифатат таквата превласт и управување и да ги одвратат од отпор и востание. И навистина, фатализмот треба да се смета за најважен чинител за заглупување на народот. Од друга страна, оние кои ги воочиле слабите страни на овој став, но кои ни самите немале капацитет да го помират целосниот монотеизам и порекнувањето на принудата, а не го искористиле поучувањето на Ехли-бејт, поверуваа во потполната слобода, изведувајќи ја на тој начин слободната волја човекова надвор од рамките на Божјото делување и на друг начин се загрозиле себеси со искривени мисли, лишувајќи се од високите исламски спознанија и нивните возвишени плодова. Меѓутоа, оние кои имале доволно спремност за разбирање на овие учења и кои истовремено биле запознаени со вистинските учители и толкувачи на Кур’анот сочувани се од кривите верувања. Тие прифатиле дека чинителите кои имаат слободна волја се во закриллата на моќта која им ја дарувал Возвишениот Бог и одговорноста која произлегува од тоа прифаќање. Од друга страна, го сфатиле возвишеното и независно влијание на Бог на едно повисоко ниво и ги собрале плодовите на овие скапоцени спознанија. Во преданијата кои се пренесуваат од членовите на Пратениковиот Ехли-бејт, до нас стигнаа објаснувања во врска со ова прашање. Таквите преданија се забележуваат во збирките хадиси, во поглавјето под наслов: Барање на покорување и отфрлање на принудата и целосната слобода, како и во поглавјата за дозвола, слободна волја, предодреденост и Божјата судбина (кадā и кадер). Исто така, можат да се најдат и преданија во кои поединци со послаб умствен потенцијал се одвраќаат од подлабоко истражување за овие прецизни прашања, за да не се засопнат и застранат.