• Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги
  • Од вашето перо
No Result
View All Result
ehlibejt.org
Ehli Bejt
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
No Result
View All Result
Ehli Bejt
No Result
View All Result

Нужност од спознание на Бог

5. април 2021.
in Тевхид - монотеизам
A A
Нужност од спознание на Бог

Нужност од спознание на Бог

Темелот на верата претставува верувањето во Божјото постоење. Во исто време, основната разлика помеѓу теистичкиот и материјалниот светоглед се состои токму во постоењето и непостоењето на ова верување.

Имено, првото нешто кое се решава кај трагачите на вистината и она кое пред с  останато треба да даде правилен одговор, е прашањето: Дали Бог постои или не постои?

За да се добие одговор на ова прашање мора да се користи разумот со што ќе се дојде до сигурен одговор, без оглед дали ќе биде потврден или одречен.

Доколку одговорот е позитивен, во тој случај следат чекори за испитување на фактите кои се разгрануваат од докажаните начелни вистини, а тоа, на пример се: единство, правда и останатите Божји атрибути. Од друга страна, под претпоставка дека резултатот на истражувањето е негативен, во тој случај се потврдува материјалниот светоглед, така што нема потреба од истражување на останатите прашања врзани за верата.

 

Дискурзивно и интуитивно спознание

 Во врска со Возвишениот Бог, можно е да се претпостават две методи на спознание: едната би била интуитивна, додека другата дискурзивна (метод на користење мисловни заклучоци)

Кога велиме интуитивно спознание, се мисли на тоа дека човекот, без посредување на умствените поими, по пат на некој вид внатрешно срцево сведочење го спознава Бог.

Очигледно е дека, доколку некој би имал свесно и јасно сведочење во врска со Бог – онака како што тврдат арифите на високо ниво – во тој случај нема потреба од рационални аргументи и докази… Меѓутоа, како што е веќе претходно беше нагласено, овој вид  интуитивна свест достапна им е на луѓето дури после одреден период проведен во на изградба на себеси и после истрајно пешачење по патот на духовното ирфанско усовршување[1]. Што се однесува пак до пониските нивоа на оваа свест, колку и да е присутна кај обичните луѓе, поради тоа што нејзиното присуство не е свесно, не е доволно за постигнување свесен светоглед.

Кога велиме дискурзивен метод на спознание на Бог, се мисли на тоа дека човекот, со помош на универзалните поими како што се: створител, беспотребен, сезнаен, семоќен…, ќе оствари еден вид отсутна претстава за Бог и ќе стекне верување дека постои  едно такво битие, „Битие кое го створило светот…“ а потоа, на тоа да му припои низа други дискурзивни спознанија и на тој начин да успее да оствари еден складен систем на верување односно светоглед.

Она, до кое директно се стигнува со помош на рационално истражување и филозовски докази, токму е ова дискурзивно спознание, меѓутоа кога тоа е веќе постигнато, човекот може да се најде и на трагата за постигнување на свесно интуитивно спознание (дека има Бог).

Природни спознанија

 Во поголем број преданија пренесувани од предводниците на исламот, па и арифските и филозофските искази, можеме да наидеме на изразот дека спознанието на Бог е (фитретска) природна работа или пак дека е природно (фитретски) да се спознае Бог. За да ги разбереме овие изрази на правилен начин, потребно е да се објасни поимот фитрет.

Фитрет е арапски збор што означува форма или начин на создавање, додека некои работи можат да се сметаат фитретски доколку начинот на создавање на некое битие тоа го бара, и од тој аспект можат да се предвидат три својства на природните фитретски особини:

  • Природните својства на секој вид се наоѓаат во единките на тие видови, иако тие квалитети се разликуваат во поглед на јачината.
  • Природните својства секогаш низ историјата се постојани, што значи дека фитретот на некое битие не е од таква природа, што во еден историски момент ќе побарува едно, а во друг нешто друго. Во Благородниот Кур’ан, во врска со овој факт, во 30. ајет во сурата Рум читаме: тоа е фитретот (начин на создавањето) според кој Аллах луѓето ги создаде, нема измена во Аллаховото создавање.

فِطْرَتَ اللَّـهِ الَّتِي فَطَرَالنَّاسَ عَلَيْهَا لَاتَبْدِيلَ لِخَلْقِ اللَّـهِ

  • Заради тоа што природните својства се природни, бидејќи начинот на создавање на некое битие тоа го бара, немаат потреба да бидат стекнувани по пат на учење, иако за нивното зајакнување или насочување потребно е проучување.

Човековото природно спознание можеме да го поделиме во две категории:

  • Природни спознанија кои што секој човек ги поседува, без нужност да ги научи.
  • Природни склоности и тежнеења кои ги бара начинот на кој е создаден секој поединец.

Во согласност со тоа, доколку еден вид на спознание на Бог е присутно како постојан чинител во секој поединец, а е од оној вид кој не треба да се усвои со  учење, можеме да го наречеме: природно спознание на Бог. Но, ако во секој човек може да се најде еден вид склоност кон Бог и обожување на Бог, во тој случај тоа можеме да го наречеме: природно обожување на Бог.

Веќе кажавме дека, голем број истакнати светски научници, тврдат дека сколонста кон религијата е природна склоност на човековата психа и го нарекуваат сетило на побожноста или чувство за религиозноста. Ќе додадеме уште и тоа дека, спознанието на Бог, исто така се прифаќа како нешто што го бара самиот начин на кој човекот е создаден.

Меѓутоа, како што чувството за обожување на Бог не е свесно за спознанието, така и природата на спознанието на Бог не е свесна за спознанието за да ги направи обичните луѓе независни од рационалните обиди во постигнување на тоа спознание.

Секако, еден факт не треба да се изгуби од вид. Имено, со оглед на тоа дека секој човек– во најмала рака – поседува еден мал степен на интуитивно, природно спознание на Бог, можно е со малку размислување и аргументирање да го прифати Божјото постоење за постепено да го зацврсти спознанието на Бог со духовно осведочување, за кое не бил ни свесен и на тој начин да го подигне степенот на свеста.

Според тоа, природното спознание кон Бог означува дека, човековото срце е запознаено со Бог и дека во длабочината на неговата душа постои залиха за свесно спознание на Бог, за кое постои можност да се зголеми и развие. Сепак, оваа природна залиха не е присутна во доволна мера кај обичните луѓе за да бидат во потполност ослободени од потребата  за размислување и рационално аргументирање.[2]

[1]Секако, не можеме да го порекнеме постоењето на исклучителни поединци кои поседуваат вакво свесно духовно осведочување, како што веруваме дека пратениците и безгрешните имами и во детството имале удел во ваквото духовно осведочување, а некои дури поседувале вакво спознание и во утробата на своите мајки.

2 Неколку ајети за размислување:

-И кога Господарот твој од ‘рбетите на Адемовите синови го изведе потомството нивно и кога побара од нив да посведочат против себе: „ЗаремЈас не сум Господарот ваш?“ -Тие одговараа: „си,ние сведочиме!“ – и поради тоана Судниот Ден да не речете: „Ние за ова, ништо не знаевме!“(А’раф,172)

-Ти опоменувај- навистина ти си оној кој потсетува.( Гашије, 21)

-И не бидете како тие што заборавија на Аллах, па Тој направи самите себеси да се заборават; тоа се вистински непослушни грешници. (Хашр,19)

-Од Аллах е секоја благодет којашто ја уживате, и штом некоја неволја ве снајде, повторно од Него гласно помош барате (Нахл, 53)

-Кога со бродот ќе запловат, искрено Му се молат на Аллах, а когаТој до копното ќе ги донесе, одеднаш  Нему други за рамни Му здружуваат. ( Анкебут, 65)

-И Ние му го покажавме на Ибрахим царството на Небесата и на земјата за да верува цврсто! И кога настапи ноќта, тој здогледа ѕвезда и рече: „Ова е Господарот мој!“ А откако таа зајде, тој рече: „Не ги сакам тие што заоѓаат!“ А кога ја здогледа Месечината како излегува, рече:„ Ова е Господарот мој!“ А откако таа зајде, тој рече: „Ако Господарот мој не ме упати на Вистинскиотпат, сигурно ќе бидам еден од тие што заталкале.“ А кога го здогледа Сонцето како се раѓа, тој извика: “Ова е Господарот мој, ова е поголемо!“ А одкако тоа зајде, тој рече: „                Народе мој, јас немам ништо со тоа што вие здруженик Му припишувате! Јас го насочувам лицето свое, како вистински верник, кон Тој што небесата и Заемјата ги создал, јас не сум од многубошците!“

( Ен’нам, 75-79)

 

 

No Content Available
Tags: Нужност од спознание на БогСпознаја Бога
Previous Post

Живот

Next Post

Дефиниција на историјата

Категории

  • Обреди
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
  • Од вашето перо

© 2021 ehlibejt.org.

No Result
View All Result
  • Патокази
  • Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • —————-
  • Пратеникот и ехлибејтот
    • Ехли бејт
      • Ехли бејт
    • Пресудни етапи во периодот на присуство на безгрешните
    • Великаните од Ехли-бејтот, а.с.
    • Верните другари на Ехли-бејтот, а.с.
  • Исламски верувања
    • Вера
    • Тевхид – монотеизам
    • ‘Adl – Božija pravednost
    • Нубуввех – веровесништво
    • Имамет – нужност на небесното водство
    • Me’ad – proživljenje
    • Нејаснотии и објаснувања
  • Етика и духовност
    • Прописи на однесување
    • Човекот во односот со самиот себе
    • Човекот во односот со Бога
    • Духовно усовршување
    • Општи дискусии
  • Историја и општеството
  • Семејство и воспитание
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги

© 2021 ehlibejt.org.