Посредништвото и активниот тевхид
Рековме дека ефектот на активниот тевхид е во тоа што човек никого и ништо не смета за достојно, ниту заслужно да биде обожувано, освен Аллах, затоа што, како што веќе претходно е објаснето, никој не заслужува да биде обожуван, освен Оној Кој е Создател и Господар човеков.
Можно е по тоа објаснување да биде речено:
Па кога веќе потполниот тевхид бара да се бара помош само од Бога и од никого друг, тоа значи дека не е исправно ниту да се земаат Божјите евлии за посредници.
Во одговорот се вели дека обраќањето преку Божјите евлии не одговара на тевхидот ако се смета дека тие се независни и дека без потребата од Божја дозвола можат да направат нешто за молителот. Меѓутоа, ако тоа се прави со свесност дека Аллах ги претворил во средства за стигнување до Неговата милост и дека на луѓето им наредил да ги земаат за средство за стигнување до Него, тоа не само што не се противи на тевхидот, туку е еден од видовите на тевхид во ибадетот и покорувањето, затоа што се чини како извршување на Неговата наредба.
Одговорот на прашањето зошто Бог поставил такво средство и зошто на луѓето им наредил да го користат, би бил следниот:
Божјата наредба поседува свои мудрости, од кои можеме да ги наброиме следните: претставување на возвишените позиции на заслужните робови, поттикнување на другите на ибадет и покорување кои доведуваат до таквите позиции, спречување некој да се возгордее заради својот ибадет и да се умисли дека се наоѓа на највозвишениот степен на човеково совршенство.