Докажување на постоењето на Бога
Филозофите и теолозите изнесуваат голем број докази за Божјото постоење кои се споменати во филозофските и теолошките книги. Помеѓу сето тоа, ние ќе се посветиме на објаснување на еден од доказите кој има потреба за помал број на воведни премиси, но истовремено е цврст и лесно разбирлив.
Меѓутоа, потребно е да се води сметка за тоа дека овој доказ Бог го докажува само како нужно битие, односно битие чие постење е нужно и нема потреба од некого кој би му дарувал егзистентнција. А што се однесува на афирмативните и одрекувачките атрибути како што се знаењето, моќта, бестелесноста, како и одрекувањето на пространството и времето, тоа веќе треба да се докажува со посредништво на други докази.
Содржина на доказите
Битието – врз основа на рационална претпоставка – или е нужно или е можно (контингентно) битие. Ниедно битие, гледано рационално, не може да биде надвор од овие две претпоставени категории. Невозможно е сите битија да се сметаат за контингентни, поради тоа што контингентното битие има потреба за причина, а доколку сите причини бидат можни постоечки битија и секое на својата положба би имало потреба од причина, во тој случај никогаш, ниту едно битие не би стигнало до постоење, или со други зборови: бесконечниот синџир на причини е невозможен. Значи, синџирот на причини неминовно завршува, или подобро кажано започнува на причината што сама по себе не е последица на друго битие, туку е нужно битие.
Овој доказ, воедно е и наједноставниот филозофски доказ за докажување на Божјото постоење кое се состои од неколку рационални премиси, а нема потреба од никакви емпириски и искуствени премиси. Меѓутоа, поради тоа што во него се користат филозофски термини, неопходно е да се даде објаснувања во однос на тие термини и премиси кои што ги содржи тематскиот доказ.
Нужност и контингентност
Секој суд, без оглед колку е едноставен, мора да содржи две темелни начела: субјект и предикат.На пример, во следниот суд: Сонцето е светло, во кој се поврзува светлината за Сонцето, Сонцето е предмет, а светлината предикат.
Предметното одредување на предикатот на субјектот е можно на еден од трите начини: или е невозможно, како кога ќе се рече: бројот три е поголем од бројот четири, или е неопходно како судот: број два е половина од бројот четири, или не е ниту невозможно ниту неопходно, како што е: Над нашите глави се наоѓа едно Сонце.
Во согласност со логичката терминологија во првата формана модалитетот на судот е невозможноста, во другата форма тој модалитет е неопходност или нужност, додека во третиот е модалитет на можност со посебено значење.
Во врска со тоа, што во филозофијата се полемизира за битието/суштествување (мевџут) и она што е невозможно никогаш не добива надворешно објективно битие, оттука филозофите врз основа на рационални претпоставки, битието ќе го делат на нужно и возможно битие.
Нужно е она битие кое само по себе постои и нема потреба од друго битие. Природно е дека таквото битие било од секогаш и засекогаш, бидејќи непостоењето на нешто во едно време, насочува на тоа дека тоа не е самопостоечко битие, туку дека за да постои има потреба од друго битие кое би било негова причина или услов за постоење, а со губењето на истoто и самото би било изгубено.
Возможно е она битие кое не постои само по себе, туку неговото постоење зависи од друго битие.
Оваа поделба, која се темели врз рационална претпоставка, неминовно го негира постоењето на невозможното битие, меѓутоа не укажува на тоа во која од споменатите групи спаѓаат битијата во објективниот свет.
Со други зборови, вистинитоста на овој суд може да се предочи на три начини:
– сите битија се нужни битиа,
– сите битија се можни битиа,
– некои битија се нужни, додека некои се можни.
Во согласност со првиот и третиот предочен начин се потврдува постоењето на нужното битие. Значи, неопходно е да се анализира и да се види, дали е можно дека сите битијавсушностсеможни битија. Доколку оваа можност се побие, тоа значи дека, без никаква дилема,и сосема сигурно е докажано постоењето на нужното битие, без оглед на тоа што еднината на тоа битие и останатите негови атрибути треба да се докажат со други аргументи.
Во согласност со наведените факти, поради побивање на другиот предочен начин, треба на споменетиот доказ да му се додаде нов доказ, а кој би гласел дека, невозможно е сите битија да бидат возможни постоечките битиа. Меѓутоа, оваа премиса не е очигледна поради што се настојува да ја разјасне и докаже на следниот начин:
Можното битие има потреба од причина, а бесконечниот синџир на причините е невозможен. Значи, низата причини мора да заврши со битието кое нема да биде можно битие кое ќе зависи од причината, односно мора да биде неопходно битие. Поради оваа потреба, се појавија некои нови филозофски поими, во врска за кои што треба да бидат дадени објаснувања.
Причина и последица
Ако едно битие има потреба од друго битие на начин на кој неговото постоење зависи или се потпира врз постоењето на тоа друго битие, во согласност со филозофската терминологија, потребното битието со потреба се нарекува последица (м’алул), а другата ќе биде причина (‘иллет) .
Можно е причината да не биде апсолутно непотребно битие, туку и самото да биде битие со потреба и последица на некое друго битие. Меѓутоа, ако една причина не би имала никаков вид на потреба и не би била последица на штобило, во овој случај станува збор за апсолутна и непотребна причина.
Досега се запознавме со филозофските термини за причината и последиците. Сега ќе се посветиме на објаснување на премисата: секое можно битие има потреба од некоја причина.
Со оглед на фактот дека можното битие не постои самото по себе, постоењето неизбежно му зависи од друго битие или други битија, бидејќи очигледно е дека секој предикат кој ќе се доведе во контекст на својот субјект или сам по себе (по својата суштина) е постојан или е постојан под дејство на нешто друго (од другиот). На пример, сите работи или сами посебе светат или се светли со посредство на некое друго (светло). Исто така, секое тело или само посебе е мрсно или нешто друго го прави мрсно (масло). Невозможно е, нешто само по себе да небиде ниту светло ниту мрсно, ниту со посредство на нешто да биде осветлено и замрсено, а во исто време да биде и светло и мрсно!
Значи, потврдување на постоењето на еден субјект е или сам по себе или по друго и кога не е сам по себе, неизбежно ќе биде по друго. Во согласност со ова, секое можно битие кое не се опишува со постоење само по себе, доаѓа во постоење со посредство на друго битие и ќе биде последица на тоа битие. Ова е токму она неспорно рационалено начело дека секое возможно битие има потреба од причина.
Меѓутоа, некои претпоставиле дека содржината на причинското начело е: секое битие има потреба од причина, врз основа на што упатуваат критики дека во тој случај и Бог би требало да има своја причина. Со оглед на фактот дека субјектот како причинско начело не е битие во апсолутна смисла, туку, субјектот е возможно постоечко битие кое е последица. Со други зборови: секое битие со потреба и зависно битие има потреба за причина, а не секое битие воопшто.
Неможност на постоење на бесконечен причински синџир
Последната премиса која е користена во доказот е дека синџирот на причини мора да се заврши со некое битие кое самото не е последица, со други зборови, ланецот на причини кој оди во бесконечност е неможен. На тој начин се докажува постоењето на нужното битие, како првата причина која сама по себе е постоечка и независна од другите битија.
Филозофите воспоставуваат бројни докази за да го одречат синџирот на бесконечните причини, вистината е во тоа што неисправноста на бесконечната причина е речиси очигледна и со малку размислување станува јасна. Значи, ако се земе предвид фактот дека постоењето на последицата има потреба од причина и условена е од нејзиното постоење, доколку претпоставиме дека оваа причина и условеност се општи, ниедно битие никогаш нема би било постоечко,заради тоа што не е разбирлива претпоставката за група битија кои се зависни, без постоење на битие од кое што зависат.
Замислите еден атлетски тим на спринтери. Зазеле положба на стартната линија, спремни да истрчаат. Меѓутоа, секој од нив одлучил дека нема да тргне сè додека другиот не тргне. Доколку оваа одлука е навистина општа, никој од нив никогаш нема да започне со трчање.
Објаснување на доказите
Земајќи ги предвид споменатите премиси, повторно ќе се сконцентрираме на објаснување на доказите:
Секое нешто кое може да се нарече постојно, не излегува од рамката на две состојби. Или неговото постоење е нужно и само посебе е постоечко и терминолошки ќе се нарекува нужно битие или неговото постоење не е нужно и зависи од друго битие и терминолошки ќе се нарече можно постоечко битие. Очигледно е дека, доколку постоењето на нешто е невозможно тоа никогаш и нема да постои и никогаш не може да се смета за постоечко битие.
Значи, секое битие или е нужно или е можно постоечко битие.
Ако се сконцентрираме на значењето на поимот можно постоечко битие, станува јасно дека секое нешто кое е реален објект на овој поим, како такво е последица која има потреба за своја причина. Затоа што доколку едно битие не е постоечко само по себе, неизбежно настанало со посредство на друго битие, како што секое својство кое само по себе не може да опстои, ќе се потпира на друго.
Законот за каузалност значи токму тоа, секое потребно и зависно, односно можно битие, има потреба од причина, а не секое битие има потреба од причина, за да не може да се рече: Значи и Бог има потреба од причина или пак да се рече: верувањето во Бог настанатло беспричински и е кршење на законот на каузалноста!
Од друга страна, доколку секое битие е можно постоечко битие кое што има потреба од причина, никогаш ниедно битие нема да постои. Ваквата претпоставка е слична на таа дека секој член од некоја група го условува своето делување со почнување на некој друг, а во тој случај нема да се случи ниедно движење и делување.
Према тоа, постоењето на битија во надворешниот, Објективниот свет, е доказ дека постои нужно битие.