Мерило за исправноста на светогледот
Шехид Мутахари, третирајќи го ова прашање, наведува неколку мерила кои се добар показател во потрагата по одредувањето на исправноста на еден светоглед. Според неговото мислење, еден светоглед, за да ја постигне вредноста на прифаќање, мора да ги исполни следниве критериуми:
- Да евозможно да се докаже и аргументира, со други зборови, да има потпора врз разумот и логиката.
- Да дарува смисла на животот. Со други зборови, да ги истисне од умот непресметливите помисли и сомнежи за бесмисленоста и залудноста на животот, што резултира со ставови дека сè се движи кон ништожност и испразнетост.
- Да делува конструктивно врз изградбата на вредности, амбиции и мотивираност.
- Да поседува моќ да дарува светост на индивидуалните и општествените цели.
- Да биде втемелен на платформата на догматското спознание и да има сила да побуди одговорност.