Во врска со мировниот договор меѓу Имам Хасан, а.с., и Муавија- трет дел
Како што е веќе кажано, луѓето во Ирак и Куфа не биле единствени и согласни во своите ставови. Дури, се работело за превртливи и недоверливи луѓе кои биле подготвени секој ден да застанат под друго знаме, секогаш покорни на моменталните прилики и на актуелната власт, односно, луѓе кои, едноставно речено, се грижеле за тоа што денес ќе јадат. След таквото расположение во кризните моменти на собирање и мобилизирање војска, некои племенски водачи и првенци на некои угледни фамилии во Куфа, на Имамот, а.с., му го свртеле грбот. На Муавија му испратиле писма во кои ја изразиле својата верност на неговата власт и го поттикнувале да тргне кон Ирак, гарантирајќи му дека во моментот кога ќе им се доближи, ќе го натераат Имамот Хасан, а.с., да му се покори или во спротивно ќе извршат напад на него. И самиот Муавија му пишувал писма на Хасан, а.с., изразувајќи чудење дека тој и со такви луѓе бил подготвен да војува против него.[1] Имамот Хасан, а.с., откако ја напуштил Куфа со намера да војува против Муавија, го поставил Абдуллах ибн Аббас за главен командант на претходницата од дванаесет илјади војници. Двајцата негови добри пријатели, Кајс ибн Са’д и Саид ибн Кајс, ги одредил како негови советници и заменици, за да – во случај ако на некој од нив му се случи нешто – другите двајца ги преземат неговите должности.[2] Хасан, а.с., го одредил правецот на движење на војската и им наредил да го спречат напредувањето на Муавија каде и да го сретнат и да го известат за тоа, за да тој, со главнината на војската, веднаш им дојде на помош.[3] Како што е веќе кажано, луѓето во Ирак и Куфа не биле единствени и согласни во своите ставови. Дури, се работело за превртливи и недоверливи луѓе кои биле подготвени секој ден да застанат под друго знаме, секогаш покорни на моменталните прилики и на актуелната власт, односно, луѓе кои, едноставно речено, се грижеле за тоа што денес ќе јадат. След таквото расположение во кризните моменти на собирање и мобилизирање војска, некои племенски водачи и првенци на некои угледни фамилии во Куфа, на Имамот, а.с., му го свртеле грбот. На Муавија му испратиле писма во кои ја изразиле својата верност на неговата власт и го поттикнувале да тргне кон Ирак, гарантирајќи му дека во моментот кога ќе им се доближи, ќе го натераат Имамот Хасан, а.с., да му се покори или во спротивно ќе извршат напад на него. И самиот Муавија му пишувал писма на Хасан, а.с., изразувајќи чудење дека тој и со такви луѓе бил подготвен да војува против него.[4] Имамот Хасан, а.с., откако ја напуштил Куфа со намера да војува против Муавија, го поставил Абдуллах ибн Аббас за главен командант на претходницата од дванаесет илјади војници. Двајцата негови добри пријатели, Кајс ибн Са’д и Саид ибн Кајс, ги одредил како негови советници и заменици, за да – во случај ако на некој од нив му се случи нешто – другите двајца ги преземат неговите должности.[5] Хасан, а.с., го одредил правецот на движење на војската и им наредил да го спречат напредувањето на Муавија каде и да го сретнат и да го известат за тоа, за да тој, со главнината на војската, веднаш им дојде на помош.[6] Абдуллах, преземајќи ја командата над претходницата, тргнал и кај местото Мескин се сретнал со војската на Муавија, која веќе беше стигнала таму. Наскоро на Имамот, а.с., му стигнал извештај дека Абдуллах, земајќи од Муавија милион дирхеми, ноќе со осум илјади војници преминал на страната на Муавија.[7] Во тие сложени прилики, станува јасно колку влијаело предавството на еден ваков командант врз губењето самодоверба и врз намалувањето одлучност меѓу војниците на Имамот, а.с. Во такви прилики, командувањето над останатите војници, според наредбата на Имамот, а.с., ја презел Кајс ибн Са’д, храбар борец, докажан верник и човек до крај верен на фамилијата на Имам Али, а.с., борец кој со поттикнувачки говор се обидел да го поправи расположението меѓу војниците. Муавија се обидел и него да го подмити, но Кајс тоа не го прифатил, туку продолжил да го подржува Имамот, а.с.[8]
Муавија не се задоволил само со подмитувањето на Абдуллах, туку, за да ги продлабочи раздорот и забуната меѓу војската на Имамот Хасан, а.с., во Медаин, со посредство на своите шпиони и платеници проширил вест дека и Кајс се спогодил со него, додека пак меѓу војниците на Кајс уфрлил лажна вест дека Имамот Хасан, а.с., прифатил мир со него. Работата отишла дотаму што Муавија испратил неколку свои луѓе да го посетат Имамот, а.с., во неговиот логор во Медаин. Имамот, а.с., ги примил, а тие, откако излегле од неговиот шатор, на војниците почнале да им зборуваат: ’’Аллах со посредство на синот на Пратеникот ја задуши интригата и го угасна пламенот на војната. Хасан ибн Али склопи мир со Муавија и така ја зачува крвта на луѓето!’’ Тие им поверувале пред да проверат, па навалиле на шаторот на Имамот, а.с., разграбале сѐ што тука нашле, дури и се обиделе и да го убијат. На крај се разишле на сите четири страни.[9] Од тука Имам Хасан, а.с., се упатил кон Сабат. На пат во заседа го дочекал некој хариџија и тешко го ранил. Имамот, а.с., изгубил многу крв, па така истоштен, со помош на неколку свои верни пријатели се вратил назад во Медаин. Во Медаин неговата состојба се повеќе се влошувала. Користејќи ги тие моменти, Муавија во целост го презел надзорот над приликите, така што Имамот, а.с., откако ги изгубил воените сили и останал скоро сам, бил принуден да ја прифати понудата за мир. Според тоа, гледаме дека Имам Хасан, а.с., склопил мир од причина што немал друг избор. Табери и другите историчари пишуваат: ’’Хасан ибн Али, се согласил на мир во прилики кога неговите следбеници го напуштиле и кога останал сам.’’[10] Во одговорот на личноста што се противела на склопениот мир ѝ укажал на овие горчливи факти и ги образложил причините за таквата одлука со следните зборови: ’’Власта му ја предадов на Муавија затоа што немав подржувачи и другари за борба против него. Да имав пријатели, ден и ноќ ќе се борев против него, се додека не се решеа работите. Одлично ги познавам луѓето од Куфа и многу пати ги ставив на испит. Тие се расипани луѓе кои нема да се поправат, кај нив нема верност, не се држат до дадениот збор и ветувањата и ниту двајца од нив никогаш не можат да се усогласат. Наизглед ни се покорни и наклонети, но на дело соработуваат со нашите непријатели.’’[11]
Вториот Имам, а.с., кој бил силно погоден од слабоста и отсуството поддршка од страна на своите другари, во една прилика одржал говор во кој рекол: ’’Им се чудам на луѓето кои немаат ниту вера ниту срам. Тешко вам! Муавија нема да одржи ниту едно од ветувањата што ви ги дал доколку ме убиете. Ако му дадам заклетва на верност (признание за калиф), своите лични обврски можам да ги извршувам подобро отколку што тоа го правев досега. Но, ако работите паднат во негови раце, тој нема да дозволи во општеството да ја пропагирам верата на мојот дедо, Божјиот Пратеник, с.а.в.а. Се колнам во Аллах, ако заради вашата слабост и неверство бидам принуден власта над муслиманите да му ја предадам нему, знајте сигурно дека под бајракот на Емевиската власт никогаш нема да видите среќа ниту радост и ќе искусите многу страдања и маки. Како сега со свои очи да гледам како утре вашите деца ќе стојат пред вратите на нивните деца и барат корка леб и голтка вода, леб и вода што припаѓаат на вашите деца и Бог ним им ги наменил. Но, Емевиите ги однеле во своите куќи, а на вашите деца им ги ускратиле нивните права.’’ Потоа Имамот, а.с., рекол: ’’Ако имав другари кои ќе ме помогнеа во војната против Божјите непријатели, никогаш немаше да го предадам калифатот на Муавија, затоа што калифатот на Емевиите им е направен харам.’’[12] Имамот Хасан, а.с., кој одлично ја познавал расипаната природа на власта на Муавија, еднаш на еден собир на кој присуствувал и самиот Муавија одржал говор во кој рекол: ’’Се колнам во Аллах, се додека власта над работите на муслиманите е во рацете на Емевиите, муслиманите нема да видат ниту добро ниту напредок.’’ Тоа било предупредување до Ирачаните, кои след својата слабост и надеж за мир и олеснување, одбиле да војуваат, не сфаќајќи дека власта на Муавија никогаш нема да ги исполни нивните очекувања. Кога Вториот Имам, а.с., во неповолните услови за кои претходно говоревме, војната против Муавија ја оценил како спротивна на повисоката цел која значела добро на исламското општество и зачувување на исламот, па го прифатил мирот, односно примирјето како неизбежност, со сите сили настојувал, во рамки на своите можности и без кршење на мировниот договор, и понатаму да ги остварува своите возвишени и свети цели.
[1] Шејх Муфид, Ал-Иршад, Ком, Мектебету басирети, стр. 191. Потврда за наведеното е и одговорот на Имам Хасан на прашањето на еден од следбениците, зошто се откажал од борба: ’’Се колнам во Аллах, ако започнев војна против Муавија, луѓето ќе ме предадеа на него.’’ (Меџлиси, Мухаммед Бакир, Бихарул-анвар, Дарул-кутубил-исламијје, Техеран, том 44, стр. 20).
[2] Јакуби не го спомнува Саид ибн Кајс, додека сите други историчари го наведуваат неговото име.
[3] Ебул-Фереџ Исфахани, Макатилут-Талибин, Меншуретул-мектебетил-хајдеријје, Каиро 1961, том 16, стр. 40.
[4] Шејх Муфид, Ал-Иршад, Ком, Мектебету басирети, стр. 191. Потврда за наведеното е и одговорот на Имам Хасан на прашањето на еден од следбениците, зошто се откажал од борба: ’’Се колнам во Аллах, ако започнев војна против Муавија, луѓето ќе ме предадеа на него.’’ (Меџлиси, Мухаммед Бакир, Бихарул-анвар, Дарул-кутубил-исламијје, Техеран, том 44, стр. 20).
[5] Јакуби не го спомнува Саид ибн Кајс, додека сите други историчари го наведуваат неговото име.
[6] Ебул-Фереџ Исфахани, Макатилут-Талибин, Меншуретул-мектебетил-хајдеријје, Каиро 1961, том 16, стр. 40.
[7] Буср ибн Арта, еден од крволочните команданти на Муавија, ги убил двајцата синови на Абдуллах, па било природно тој барем заради таа причина биде огорчен непријател на Муавија, но чинителите за кои зборувавме предизвикале таква слабост во војската на Имамот Хасан, а.с., што се преминувало и преку вакви појави и дошло до целосен распад.
[8] Ебул-Фереџ Исфахани, Макатилут-Талибин, Меншуретул-мектебетил-хајдеријје, Каиро, 1961, том 16, стр.42.
[9] Како што веќе напомнавме, војската на Имамот Хасан, а.с., била составена од разни елементи меѓу кои имало хариџии и од тие што само корист и добивка гледале, така што не е чудно што некои од нив се обиделе и да го убијат Имамот, а.с., и што го опљачкале неговиот шатор, а еден од нив притоа извикнал: ’’Овој човек не продаде на Муавија и ги ослабе муслиманите!’’ Ете во каква бедна позиција се нашла фамилијата на Пратеникот, с.а.в.а.!
[10] Тарихул-Јакуби, Меншуретул-мектебетил-хајдеријје, Неџеф, 1384, том 2, стр. 205. Историчарите на разни начини го опишувале овој напад на шаторот на Имам Хасан, а.с., па така Табери, Ибн Асир и Ибн Хаџер ’Аскелани пишуваат: ’’Кога Хасан ибн Али го подигнал логорот во Медаин, одеднаш некој човек (платеник на Муавија) повикал:’’ Луѓе, Кајс ибн Са’д е убиен, бегајте!’’, па војската се растури.’’
[11] Мухаммед Бакир Меџлиси, Бихарул-анвар, Дарул-кутубил-исламијје, Техеран, том 44, стр. 147; Табриси, Ихтиџаџ, Ал-Матбу’аттул-муртезавијје, Неџеф, стр. 157.
[12] Шуббар, Сејјид Абдуллах, Џела’ул-ујун, Мектебетул-басирети, том 1, стр. 345-346.