Приказ на муџизата на мубахелата на Пратеникот, с.а.в.а., со христијаните
Настанот мубахела на Пратеникот, с.а.в.а., со христијаните од Неџран е настан што се спомнува во шеесет и првиот ајет од сурето Али Имран.Овој ајет ни дава на знаење дека Чесниот Пратеник, с.а.в.а., за да ја докаже вистиноста на својата вера, бил спремен на мубахела, т.е., на заедничко проколнување на оној кој не ја кажува вистината со христијаните. Дал силно ветување дека ако дојдат на мубахела, Божјата казна ќе ги снајде лажливците (христијаните од Неџран).
Пратеникот, с.а.в.а., не само што бил спремен на мубахела со христијаните, туку неговиот глас за тоа толку се проширил што Господарот му рекол да каже:
فَمَنْ حَآجَّكَ فِيهِ مِن بَعْدِ مَا جَاءكَ مِنَ الْعِلْمِ فَقُلْ تَعَالَوْاْ نَدْعُ أَبْنَاءنَا وَأَبْنَاءكُمْ وَنِسَاءنَا وَنِسَاءكُمْ وَأَنفُسَنَا وأَنفُسَكُمْ ثُمَّ نَبْتَهِلْ فَنَجْعَل لَّعْنَةُ اللّهِ عَلَى الْكَاذِبِينَ
А на оние кои со тебе ќе се расправаат за него, бидејќи правата вистина веќе ја дозна, речи им: ’’Дојдете, ќе ги повикаме синовите наши и синовите ваши, и жените наши и жените ваши, а ќе дојдеме и ние, па ќе се помолиме и Аллахово проклетство ќе побараме за оние кои невистина говорат!’’ (Али Имран, 61)
Посебно не треба да се нагласи дека смисолот на мубахелата не е луѓето да се соберат и заедно да го проколнат оној кој вистината не ја говори, а потоа да се разидат, затоа што таквото дело само по себе не би имало никаква корист, туку намерата е проклетството да се исполни и со тоа исполнување да се препознаат и да се казнат лажливците.
Со други зборови и покрај тоа што во овој ајет не е директно укажано на учинокот и резултатот од мубахелата, сепак, земајќи го во обзир фактот дека оваа постапка е искористена како последна ’солуција’, откако ’логиката и аргументите’ не вродиле со плод, тоа е доказ дека со ова проколнување се сака и резултат, а не само обично проколнување.
Повикувањето на мубахела е јасен доказ за вистинитоста на повикот на Пратеникот
Во наведениот ајет Господарот на својот Пратеник, с.а.в.а., му наредува на секому кој и после претходно изнесените јасни докази и натаму би имал желба да разговара и со него да се расправа во врска со Иса, а.с., да му предложи мубахела. Нека ги донесат своите деца и своите жени, а и тој нека ги повика своите деца и своите жени и нека упати дова на Аллах да ги посрамоти лажливците.
Мубахелата на наведениот начин можеби до тогаш и не била позната меѓу Арапите. Тоа бил начин кој сто посто го потврдувал верувањето и вистинитоста на повикот на Пратеникот, с.а.в.а.
Како некој кој не верува во својата поврзаност со Господарот во целосен смисол на зборот може да тргне во таква пресметка, да ги повика своите противници да дојдат и заедно од Господарот да бараат да ги посрамоти оние кои не ја говорат вистината, напомнувајќи им дека резултатите многу брзо ќе ги видат, односно дека Господарот ќе ги казни лажливците. Повеќе од сигурно е дека таква пресметка е многу опасна, затоа што, ако довата не му биде примена и ако казната не се види и не им се покаже на противниците, нема да има друг резултат освен срам за тој што повикал на мубахела. Како може разумен човек да предложи такво нешто без сигурност во исходот и резултатот? Врз основа на ова рекле дека повикот на Пратеникот, с..а.в.а., на мубахела е еден од знаците на вистинитоста на неговиот повик и цврстото верување, покрај резултатите кои подоцна ги постигнале со мубахелата.
Христијаните од Неџран се подготвиле за мубахела, но ставот, однесувањето и држењето на Пратеникот, с.а.в.а., на мубахелата ги одвратиле од тоа. Сфатиле дека заради мубахелата ќе ги снајде сигурна Божја казна.
Тие не биле единствените кои не прифатиле мубахела. Тој настан толку се прочул што, додека Пратеникот, с.а.в.а., бил жив, никој повеќе не се осмелил да дојде на мубахела. Точно е дека натприродната способност (муџиза) на Пратеникот, с.а.в.а., тука не се покажала затоа што христијаните од Неџран се откажале од проколнувањето, но штом Пратеникот, с.а.в.а., искажал подготвеност за такво натприродно дело, тоа претставувал цврст одговор на лицата кои зборувале дека Пратеникот, с.а.в.а., никогаш не тврдел дека има натприродни способности и дека секогаш кога од него би барале некоја муџиза избегнувал и велел: ’’Јас само опоменувам и носам радосни вести.’’
Извори:
Џафер Субхани, Маншуре џавид, том 7, стр. 217.
Насер Макарем Ширази, Тефсир немуне, том 2, стр. 581.