Поставувањето (назначувањето) Имам
Во претходното поглавије објаснивме дека завршувањето на веровесништвото без поставување безгрешен Имам е спротивно на Божјата мудрост и дека совршеноста на светската и вечната религија исламот зависи од тоа да после Пратеникот,с.а.в.а., се одреди нему достоен заменик, заменик кој ќе биде таков што ќе располага со сите негови позиции, освен со пратеништво и веровесништво. Ова може да се разбере од чесните ајети и бројните преданија кои ги пренесуваат и шиитите и сунитите. Меѓу другото, во третиот ајет од сурето Ма’иде, се вели:
Денес вашата вера ви ја усовршив и Својот благодет кон вас го потполнив и задоволен сум исламот да ви биде вера.
Овој ајет е објавен на Опросниот Хаџ, за што се согласни сите коментатори на Кур’анот, што се случил само неколку месеци пред преселувањето на Пратеникот, с.а.в.а. Во ајетот, после укажувањето на фактот дека неверниците изгубиле секаква надеж дека ќе можат на исламот да му нанесат штета: Денес неверниците изгубија секаква надеж дека вие ќе отпаднете од својата вера, нагласува дека исламот е совршена вера и дека Божјиот благодет е потполнет. Земајќи ги во обзир бројните преданија кои зборуваат за поводот за објавувањето на овој ајет, станува сосем јасно дека ова усовршување и потполнување, кое оди во чекор со губењето надеж на неверниците дека на исламот може да му се нанесе штета, остварено е со одредувањето на наследникот на Пратеникот,с.а.в.а., од страна на Возвишениот Господар. Непријателите на исламот очекувале дека после преселувањето на Пратеникот,с.а.в.а., посебно земајќи во обзир дека тој немал син, ќе остане без старател и водач и така ќе биде мета на слабеење и исчезнување. Меѓутоа, со поставувањето наследник исламот ја достигнува мерата на совршеност, дека Божјиот благодет станува потполнет, а надежите на неверниците пропаѓаат.
Поставувањето на налседникот се случило на следниот начин. Пратеникот,с.а.в.а., при враќањето од Опросниот Хаџ сите аџии ги собрал на местото кое се вика Гадир Хум и во склоп на еден детален говор, ги прашал присутните:
’’Дали вам јас сум ви поважен од самите себе?’’
Со други зборови: Немам ли јас од Бога дадено старателство над вам? Сите на глас дале потврден одговор. После тоа ја зел раката на Али,а.с., ја подигнал високо пред луѓето и рекол:
’’На кому сум му јас заштитник и Али му е заштитник.’’
На тој начин го обзнанил Божјото заштитништво кое му е дадено на Али,а.с. После тоа, сите присутни му дале заклетва (признание, прифаќање како калиф). Меѓу другото, вториот калиф (Омер), давајќи му заклетва му рекол на Али,а.с.:
’’Блазе си ти, блазе си ти, еј Али, стана мој старател и старател на секој верник и верничка.’’
Дента е објавен чесниот ајет:
Денес вашата вера ви ја усовршив и Својот благодет кон вас го потполнив и задоволен сум исламот да ви биде вера.
Тогаш Пратеникот,с.а.в.а., изговорил текбир и рекол:
’’После мене, со заштитништвото (вилајетот) на Али се комплетира моето веровесништво и Божјата вера.’’
Во преданието кое исто така го пренесуваат некои од сунитските великани се вели дека после тоа станале Ебу Бекр и Омер и го прашале Пратеникот,с.а.в.а., дали вилајетот, односно заштитништвото му припаѓа само на Али,а.с. Пратеникот,с.а.в.а., рекол: ’’Му припаѓа само на Али и на моите ополномоштени сѐ до Судниот ден.’’ Тие прашале: ’’Кои се твоите ополномоштени?’’ Тој им одговорил:
’’Али, мојот брат и помошник, наследник и ополномоштеник и намесник меѓу мојот уммет, заштитник на сите верници после мене, потоа мојот син Хасан, па мојот син Хусејн, потоа девет потомци на мојот син Хусејн, еден по друг. Кур’анот е со ним и тие се со Кур’анот; нема да се разидат сė додека не дојдат кај мене кај Хавдот (Џеннетскиот извор).’’
Врз основа на тоа што од бројните преданија може да се заклучи, Пратеникот,с.а.в.а., порано бил задолжен јавно да го озваничи вилајетот (старателството) на Али,а.с. Меѓутоа, се плашел дека луѓето ќе помислат дека дека тоа е негово лично мислење и дека нема да се согласат и дека нема да го прифатат. Затоа чекал погодна прилика, да се создадат позитивни предуслови за такво нешто, сѐ додека не се објавил ајетот:
Еј Пратенику, кажи го тоа што од Твојот Госсподар ти се објавува – ако тоа не го направиш, тогаш ќе значи дека Неговото Послание не си го доставил – а од луѓето Аллах ќе те штити.
Уз потврда за задолжителноста на доставување на оваа Објава – што важи и за сите други Божји Објави и пораки, така што недоставувањето е еднакво на тоа како да воопшто не го доставил Посланието – му се дава ветување дека Аллах ќе го зачува од неповолни последици.
Со објавувањето на овој ајет Пратеникот,с.а.в.а., увидува дека е создаден погоден момент и дека одложување не е дозволено. Следствено на тоа, на Гадир Хум пристапил кон извршување на својата задача. Секако, она што посебно се однесува на овој ден е званичното објавување и земањето заклетва од народот. Инаку, Божјиот Пратеник,с.а.в.а., за цело време на своето пратеништво повеќе пати, на разни начини, на луѓето им укажувал дека негов наследник е Али,а.с. На самиот почеток на пратеништвото, кога е објавен ајетот:
И опоменувај ги своите најблиски роднини, во присуство на сите негови роднини, Пратеникот,с.а.в.а., рекол: ’’Првиот човек кој ќе се одзве на мојот повик, ќе биде мојот наследник.’’ И двата мезхеби се согласуваат дека првиот кој се одзвал на повикот бил Али ибн Еби Талиб,а.с. Исто така, кога бил објавен ајетот:
Еј верници, покорувајте му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот и на меѓу вас достојните за наредба, во кој на апсолутен начин е наредено да се покоруваат и на оние кои за наредба се достојни (улу-л-емр), ставајќи го покорувањето кон ним на исто ниво со покорувањето кон Пратеникот,с.а.в.а. Џабир ибн Абдуллах Енсари го прашал Пратеникот,с.а.в.а.: ’’Кои се улу-л-емр, кога покорувањето кон ним е одредено да биде како покорувањето и кон тебе?’’ Пратеникот, с.а.в.а., му рекол:
’’Тоа се моите калифи, еј Џабир, Имами на муслиманите после мене. Првиот од нив е Али ибн Еби Талиб, потоа Хасан, потоа Хусејн, па Али ибн Хусејн, потоа Мухаммед ибн Али, во Тевратот познат како Бакир, ти ќе го затекнеш, еј Џабир, па кога ќе го сретнеш пренеси му селам од мене, потоа Садик Џафер ибн Мухаммед, потоа Муса ибн Џафер, потоа Али ибн Муса, потоа Мухаммед ибн Али, потоа Али ибн Мухаммед, потоа Хасан ибн Али, потоа мојот имењак и надимењак, доказот Божји на Земјата и најдобриот меѓу Неговите робови Ибн Хасан ибн Али…’’
Во склад со зборовите на Пратеникот,с.а.в.а., Џабир живеел до времето на Имам Бакир, а.с., и му го пренесол селамот од Пратеникот,с.а.в.а.
Во друго предание од Ебу Басир се пренесува дека рекол: ’’Го прашав Имамот Садик,а.с., во врска со ајетот за улу-л-емр. Ми рече: ’Објавен е во врска со позицијата на Али ибн Еби Талиб, Хасан и Хусејн.’ Реков: ’Луѓето прашуваат: Зошто Чесниот Кур’ан не ги претставил Али и неговиот ехли бејт именично?’ Тој одговори: ’Речи им дека ајетот што е објавен за намазот не спомнува ниту три ниту четири рекати, туку Пратеникот е тој кој на луѓето им објаснил, исто како и ајетите за зекатот и Хаџот….. Пратеникот е тој кој треба на луѓето овие ајети да им ги објасни, а тој рекол:
’’На кому јас сум му заштитник и Али му е заштитник.’’
Исто така рекол: ’’Ви ја опорачувам Божјата Книга и моето семејство. Затоа што, навистина, барав од Аллах, тие (Кур’анот и Ехли-бејтот) да не се разделат сѐ додека не дојдат кај мене на Хавдот и Тој тоа ми го даде.’’
Исто така рекол: ’’Немојте да ги учите, затоа што тие навистина се поучени од вас. Тие нема да ве изведат од рамката на упатството, ниту пак ќе ве воведат во рамката на заблудата.’’
Исто така, повеќе пати, па и во последните денови од животот, рекол: ’’Меѓу вас оставам две скапоцени нешта, Божјата Книга и мојот Ехли-бејт, тие навистина нема да се разделат сѐ додека не ми дојдат кај Хавдот.’’
Исто така рекол: ’’Да знаете дека примерот на мојот Ехли-бејт меѓу вас е како бродот на Нух. Кој во него ќе се качи, спасен е, кој ќе го напушти, ќе се удави.’’
Многу пати му рекол на Али ибн Еби Талиб, а.с.: ’’Ти си заштитник на сите верници после мене.’’