Универзалната Божествена власт
Знаеме дека основната цел на испраќањето Пратеници е подготвување и дополнување на условите за развој како и слободното и свесно усовршување на луѓето, што се постигнува со ставање на Божјата Објава на располагање на луѓето. Тука исто така има и други цели, како помошта во рационалниот развој и духовното воспитување на луѓето кои се подготвени за такво нешто. На крај, големите Пратеници се залагале за воспоставување на идеално општество врз темелите на побожноста и Божествените вредности, за ширење на правда во светот, па така, секој од нив, во границите на својата моќ, правел одредени чекори во оваа насока. Некои од нив успеале во посебни географски и временски граници да воспостават Божја власт. Меѓутоа, на ниеден од нив не му биле подготвени предуслови за Божја власт во целиот свет.
Секако, фактот дека таквите услови сеуште не се подготвени, не значи дека пораките и програмите со кои доаѓале Пратениците се недостатни, или пак, тоа дека пратеничкото лидерство и управување не било како што треба, како што не значи ни тоа дека Божјата цел испраќање Пратеници не е остварена, затоа што како што веќе е укажано, Божјата цел е остварување услови за движење и патување кои се втемелени на слободна воља – за да луѓето после Пратениците пред Аллах не би имале никаков изговор – а не на присилување на луѓето да ја прифатат вистинската религија и да ги следат Божјите водачи, а таа цел е остварена. Во исто време, Возвишениот Бог во Своите Книги ветил Божја власт на целата планета Земја, што може да се нарече еден вид претскажување за остварувањето услови за прифаќање на религијата на широко ниво на човечкото општество, а тоа ќе се случи со помош на истакнати поединци и групи, како и со онострана помош, со што ќе се отстранат пречките за остварување на светска власт и воспоставување правда за луѓето кои живееле во услови на неправда. Немоќни пред неправдата на насилниците, тие изгубиле секаква надеж и во идеологиите и во властите и во режимите. Како таква, оваа власт можеме да ја наречеме остварување на крајната цел на испраќањето на последниит Пратеник,с.а.в.а., и на универзалната и вечна религија. Затоа што, во врска со неа е речено:
За да ја издигне над сите вери.
لِيُظْهِرَهُ عَلَى الدِّينِ كُلِّهِ
Бидејќи Имаметот го потполнува веровесништвото и со него се остварува мудроста на неговото завршување, може да се заклучи дека таа цел ќе биде остварена со посредство на последниот Имам,а.с. Токму тоа е тоа што се спомнува и нагласува во мутеватир преданијата во врска со Мехди, а.с.
Прво ќе укажеме на неколку ајети кои во себе ги содржат најавите и предзнаците за остварување на ваквата власт, а после тоа ќе наведеме неколку преданија поврзани за таа тема.
Божјото ветување низ ајети
Возвишениот Господар во Кур’анот вели:
Ние во Зебур, после Тевратот, напишавме дека Земјата ќе ја наследат Моите честити робови.
وَلَقَدْ كَتَبْنَا فِي الزَّبُورِ مِن بَعْدِ الذِّكْرِ أَنَّ الْأَرْضَ يَرِثُهَا عِبَادِيَ الصَّالِحُونَ
Слична содржина во друг ајет се пренесува од Муса,а.с., и без никаков сомнеж, ова ветување еден ден ќе се оствари. На друго место, откако се укажува на тоа како фараонот го угнетувал и слабеел народот, Кур’анот вели:
А Ние сакаме оние кои на Земјата се угнетувани, со милост да ги опсипиме и водачи (Имами) и наследници да ги направиме.
وَنُرِيدُ أَن نَّمُنَّ عَلَى الَّذِينَ اسْتُضْعِفُوا فِي الْأَرْضِ وَنَجْعَلَهُمْ أَئِمَّةً وَنَجْعَلَهُمُ الْوَارِثِينَ
И покрај тоа што овој ајет зборува за Бену Израил и за нивното стигнување на власт после ослободувањето од власта на фараонот, изразот ве нуриду, т.е., ние сакаме, укажува на непрекинатата Божја воља и токму заради тоа во многу преданија овој израз е доведен во врска со појавувањето на Имамот Мехди,а.с.
На друго место на муслиманите им се упатуваат следните зборови:
Аллах ветува дека оние меѓу вас кои ќе веруваат и добри дела ќе прават на Земјата сигурно намесници ќе ги направиме, како што намесници ги направи оние пред нив и дека нивната вера целосно ќе им ја зацврсти, верата која Тој им ја сака и дека сигурно стравот со сигурност ќе им го замени; тие само Мене ќе ми се клањаат, и на Мене рамни други нема да сметаат. А тие кои и после тоа ќе бидат неблагодарни – тие се грешници прави.
وَعَدَ اللَّـهُ الَّذِينَ آمَنُوا مِنكُمْ وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ لَيَسْتَخْلِفَنَّهُمْ فِي الْأَرْضِ كَمَا اسْتَخْلَفَ الَّذِينَ مِن قَبْلِهِمْ وَلَيُمَكِّنَنَّ لَهُمْ دِينَهُمُ الَّذِي ارْتَضَىٰ لَهُمْ وَلَيُبَدِّلَنَّهُم مِّن بَعْدِ خَوْفِهِمْ أَمْنًا يَعْبُدُونَنِي لَا يُشْرِكُونَ بِي شَيْئًا وَمَن كَفَرَ بَعْدَ ذَٰلِكَ فَأُولَـٰئِكَ هُمُ الْفَاسِقُونَ
Во преданијата се вели дека целосниот пример на ова ветување ќе се оствари во време на појавата на Имамот Мехди,а.с.
Исто така постојат и други преданија кои укажуваат дека неколку други ајети се однесуваат на Имамот Мехди,а.с., но за да не отидеме многу во ширина, нема да ги наведуваме.