Науки кои се однесуваат на Кур’анот
Муслиманите изучуваат науки чиј предмет е токму Чесниот Кур’ан. Времето на појава на овие науки е самиот почеток на Објавата, па нивните прашања дозреале и низ истражувања достигнале потребен степен затоа што на тој план се преземени сигурни истражувања и студии и напишани се многу книги. Овие науки генерално се делат на два вида: науки кои го истражуваат формалниот израз на текстот и оние кои ги истражуваат значењата. Во науките кои ја истражуваат формата на Кур’анот спаѓаат мелодичното рецитирање и читање Кур’ан, а тоа се:
-Умеења на изговарање гласови и начин на употреба на органите кои ги произведуваат како и начинот на нивното комбинирање. Тоа се изедначување на гласовите, замена на гласовите, правила за запирање и отпочнување при учењето (рецитирањето) и правила за изедначување.
-Умеење за правилно следење – седум начини на читање, потоа, – три начини на читање, потоа начини на читање на другарите на Пратеникот,с.а.в.а., и други ретки форми на читање.
Тука спаѓаат и дисциплините кои се занимаваат со утврдување на бројот на сури, зборови и гласови и дисциплини кои го проучуваат кур’анското писмо и неговиот развој.
Науки кои ги проучуваат значењата на Кур’анот:
-Дисциплини кои ги проучуваат генералните значења како буквално слово на Објавата и нејзиното првично значење, внатрешната и надворешната страна на значењата, нејасните ајети и дерогирачките и дерогираните ајети.
-Дисциплина која ги проучува ајетите – прописите што всушност е една гранка на правото.
-Дисциплина која ги проучува значењата на Кур’анот, а која е општопозната како тефсир.
Исламските научници во врска со овие науки напишале голем број книги и студии.