[vc_row][vc_column][vc_column_text]Širenje islamske Poslanice izvan Medine
Ширење на исламското Послание надвор од Медина
Обидите на Курејшиите во минатото да го уништат исламот биле причина што Пратеникот,с.а.в.а., и муслиманите биле целосно предадени на борбите за одбрана и чување на границите и зацврстување на столбовите на државата и исламското општество. Во тие години тој не можел целосно слободно да ја промовира својата небесна, универзална Објава која претставувала завршеток на сите вери, но со потпишувањето на примирјето на Худејбија и со отстранувањето на опасноста од Курејшиите, Божјиот Пратеник,с.а.в.а., добил можност своите претставници да ги испрати кај челниците на големите сили околу Арапскиот полуостров, како и кај челниците на заедниците и општествата во и надвор од Арапскиот полуостров, повикувајќи ги во ислам откако би им го образложил божественото учење.
Пренесено е дека тој,с.а.в.а., на своите асхаби им рекол:
إِنَّ الله بَعَثَنِي رَحمَةً لِلنَّاسِ وَكَافَّةً فَلا تَختَلِفُوا عَلَيَّ كَما اخْتلَفَ الحَوارِيُّونَ عَلَى عِيسَى، عليه السلام.
’’Луѓе, навистина Севишниот Аллах ме испрати како милост на сите луѓе, па немој да се разидувате во мислењата за мене како што се разишле учениците во врска со Иса,а.с., синот на Мерјема,с.а.’’ Асхабите прашале: ’’А како се разишле учениците Божји Пратенику?’’ Пратеникот,с.а.в.а., им одговорил:
دَعاهُم إِلى الَّذِي دَعَوتُكُمْ إِليهِ فَأمَّا مَنْ بَعَثَهُ مَبْعَثًا قَرِيبًا فَرَضِيَ وَسَلَّمَ وَأَمَّا مَن بَعثَهُ مَبْعَثًا بَعِيدًا فَكَرِهَ وَجْهَهُ وَتَثَاقَلَ.
’’Тој ги повикувал кон Оној кон Кого јас ве повикувам, но кого Иса го праќал да ја достави мисијата во подрачје нему поблиско, тој се задоволил и прафатил, но оној кого го испраќал во подалечни подрачја, покажал мрзоволност и тромост.’’[1]
После тоа претставниците на повикот и упатството тргнале носејќи ја наредбата на Аллаховиот Пратеник,с.а.в.а., кон различните делови на светот.[2]
[1] Ес-Сирету-н-небевијје, том 3. стр. 606; Тариху-т-Табери, том 2, стр. 289 (со незначителна разлика).
[2] Исламската улема набројала околу 185 писма и пораки кои Аллаховиот Пратеник,с.а.в.а., ги упатил на сите држави и заедници повикувајќи ги во ислам. Погледнете: Мекатибу-р-ресул.
[/vc_column_text][norebro_text text_typo=”font_size~16||weight~inherit”]
[1] Es-Siretu-n-nebevijje, sv. 3, str. 606; Tarihu-t-Taberi, sv. 2, str. 289 (s neznatnom razlikom)
[2] Islamska ulema je nabrojala oko stotinu osamdeset i pet pisama i poruka koje je Allahov Poslanik, s.a.v.a, uputio svim silama pozivajući ih u islam. Pogledati: Mekatibu-r-resul.
[/norebro_text][/vc_column][/vc_row]