[vc_row][vc_column][vc_column_text] Мировната спогодба на Худејбија
Период пред крај на шестата година по Хиџра, година која за муслиманите била година на непрестани борби и одбрани, година во која голема важност придавале на ширењето на исламската Објава, на изградувањето како поединец, така и на доброто исламско општество и остварувањето на исламската цивилизација. Сите жители на арапскиот полуостров ја сфатиле големината на оваа вера и се увериле дека е невозможно таа да се искорени ниту да се уништи, бидејќи конфликтите со Курејшиите, кои тогаш биле најсилната политичка и воена сила, со евреите и останатите многубожечки сили не го спречиле ширењето на исламот, сјаењето на неговите вредности и остварувањето на неговите цели.
Чесната Куќа тогаш не била ничие сопствеништво ниту пак била во посед на некоја религија или на припадници на некое одредено убедување. Во неа се наоѓале разни кипови кои ги ходочестеле оние што во нив верувале. Само што арогантноста на Курејшиите го спречиле Пратеникот,с.а.в.а., и муслиманите да ја посетат чесната Куќа.
Во тоа време Божјиот Пратеник,с.а.в.а., ја сфатил нелагодноста на Курејшиите во својот став кон исламот, па одлучил да ги поведе муслиманите на верско патување заради извршување на умра за да на тој начин обзнани дека ќе продолжи да повикува во ислам, за да ги објасни поимите и белезите на исламското верување како и почитувањето и светоста кои во него ги ужива чесната Куќа. Овој чекор би бил нова етапа на пратеничката отвореност и период на премин од етапа на одбрана кон етапа на ширење и напад.
Пратеникот,с.а.в.а., и неговите асхаби патувале по непроодни патишта и конечно застанале на едно зарамнето место кое се викало Худејбија[1], каде што се спуштила камилата на Пратеникот,с.а.в.а. Пратеникот,с.а.в.а., рекол:
وَمَا ذاكَ لَها بِخُلقٍ وَلكِنْ حَبَسَهَا حَابِسُ الفِيلِ بِمَكَّةَ.
’’Ова не е нејзина навика. Неа ја запре Оној што го запре слонот во Мекка’’, па им наредил на муслиманите тука да застанат велејќи им:
لاتَدْعُونِى قُرَيش الْيومَ إِلى خُطَّة يَسْأَلُونَنِى فِيهَا صِلَةَ الرَّحِمِ إِلَّا أَعْطَيتُهُم إِيَّاهَا.
’’Ако Курејшиите денес од мене бараат нешто заради одржување на роднинските врски, што и да е тоа, ќе им дадам.’’ Меѓутоа, Курејшиите се задоволиле со следење на движењето на муслиманите и во одреден момент испратиле коњаници за да им го попречат патот. Потоа кај Пратеникот,с.а.в.а., го испратиле Будејл ибн Верка како една делегација од племето Хуза’ за да ја дознае целта на нивното доаѓање и да ги спречат да влезат во Мекка.
Делегацијата се вратила уверувајќи ги Курејшиите дека целта на Пратеникот,с.а.в.а., е само мир и умра.[2]
На таа вест, Курејшиите станале арогантни па испратиле друга делегација на чело со Хулејс, поглавар на Ахабишите[3]. Кога Пратеникот,с.а.в.а., го здогледал како доаѓа, рекол: ’’Овој е од оние кои го величаат Бога.’’ Хулејс[4] кај муслиманите видел животни за курбан и се вратил, не сретнувајќи се со Пратеникот,с.а.в.а., за да ги убеди Курејшиите дека муслиманите дошле заради умра. Меѓутоа, Курејшиите не се задоволиле ни со тоа па го испратиле Мес’уд ибн Урве Ес-Секефи, кој бил вчудоневиден гледајќи ги муслиманите како се натпреваруваат да фатат капки вода што се распрскувале од абдестот на Пратеникот,с.а.в.а., па се вратил кај Курејшиите велејќи им: ’’Еј Курејшии, јас го посетив персискиот крал во неговата власт и римскиот цар во неговата власт и Неџаш во неговата власт и се колнам во Бога, кај ниеден народ не го видов тоа што го видов кај Мухаммед и неговите асхаби. Навистина видов народ кој за ништо нема да го замени. Па сега вие размислете што ќе правите.’’[5]
Божјиот Пратеник,с.а.в.а., ја покажал својата почит кон светите месеци преку верското патување на муслиманите кои со себе не понеле оружје освен оружјето на патник, како што ги повикал и соседните племиња да им се приклучат на ова патување и покрај тоа што тие сеуште не биле муслимани, со тоа давајќи им на знаење дека односот меѓу исламот и другите не е заснован на војна.
Пратеникот,с.а.в.а., предводел најмалку 1400 муслимани и пред себе водел курбани (седумдесет камили). Откако Курејшиите дознале за намерата на Пратеникот,с.а.в.а., со другите муслимани да изврши умра, се нашле во незгодна ситуација. Пред себе имале две можности: да им дозволат на муслиманите да извршат умра, со што би се остварила желбата на муслиманите да ја посетат чесната Куќа, а мухаџирите (иселениците од Мекка во Медина) би стапиле во контакт со своите и веројатно би ги повикале во ислам, или пак да ги спречат муслиманите да влезат во Мекка и со тоа да ја доведат во опасност својата позиција и да бидат на удар на прекор и критики од другите племиња заради лошото постапување кон мирните луѓе кои сакаат да ги извршуваат одбредите на умра и да ја величат Ка’ба.
Меѓутоа, Курејшиите, загазени во сила и непријателство, испратиле група свои воини со околу 200 коњаници под команда на Халид ибн Велид да се бори против Пратеникот,с.а.в.а., и муслиманите. Бидејќи Пратеникот,с.а.в.а., дошол во ихрам, а не со намера за воен поход, рекол:
يَا ويحَ قريشٍ لقَد أَكَلَتْهُمُ الْحَربُ، مَاذَا عَلَيهِمْ لَو خَلُّوا بَينِي وَبَينَ سَائرِ العَرَبِ، فَإنْ هُم أَصَابُونِي كَان ذلكَ الَّذي أَرادُوا! وَإنْ أَظْهرَنِي اللهُ عَلَيهِمْ دَخَلُوا في الإسْلامِ وَافِرِين، وَإنْ لمْ يفْعَلُوا قَاتَلُوا وَبِهِمْ قُوةٌ، فَمَا تَظُنُّ قُريشٌ؟ فَوَاللهِ، لا أَزَالُ أُجَاهِدُ عَلى الَّذِي بَعثَنِي اللهُ بِهِ حَتَّى يُظْهِرَهُ اللهُ أَو تَنْفَرِدُ هَذِه السَّالِفَةُ.
’’Тешко на Курејшиите! Војната навистина ги изеде. Што ќе им беше ако ме оставеа со другите Арапи: Ако тие би ме убиле, тоа би било тоа што тие го сакаат, а и ако Аллах мене ми даде победа (над другите Арапи), тие би влегле во ислам уживајќи го изобилието. Дури и да не го направат тоа (да влезат во ислам), би војувале, моќни. Па што мислат Курејшиите, се колнам во Аллах, без престан ќе се борам на патот на она за што Аллах ме одбра сѐ додека Аллах не ми даде победа или додека не го дадам својот живот на овој пат.’’
Потоа на муслиманите им наредил да се тргнат од патот на воините на Курејшиите за да избегнат започнување конфликт кого Курејшиите би го зеле како оправдување за исправноста на својот став и со тоа би се гордееле. Пратеникот,с.а.в.а., го испратил Хараш ибн Умејје Ел-Хуза’и да преговара со Курејшиите, а тие ја убиле неговата камила и за малку и него ќе го убиеле. Курејшиите, според обичаите и традицијата, не почитувале светост ниту се придржувале на обврската кон носителот на порака. Тие веднаш задолжиле 50 мажи да ги предизвикуваат муслиманите за да овие направат некаков испад што би покажал дека муслиманите не се мирољубиви. Меѓутоа, планот им пропаднал затоа што муслиманите успеале нив да ги заробат. Божјиот Пратеник,с.а.в.а., им опростил со што ја потврдил својата мирољубива цел.[6]
Божјиот Пратеник,с.а.в.а., кај Курејшиите сакал да испрати уште еден претставник. Тој претставник не можел да биде Али ибн Ебу Талиб,а.с., затоа што токму тој го убил челникот на Курејшиите во борбите за одбрана на исламот. Затоа побарал од Омер ибн Хаттаб да појде кај Курејшиите. Меѓутоа, Омер се плашел од Курејшиите и одбил да оди,[7] и покрај тоа што не беше убил никого од нив, па му предложил на Пратеникот,с.а.в.а., наместо него, да го испрати Осман ибн Аффан, затоа што тој е од племето Умајади и е во сродство со Ебу Суфјан. Осман заминал, но подолго време не се враќал па се прочула вест дека е убиен. Тоа било предупредување на неуспехот на сите мирољубиви напори за влез во Мекка. Божјиот Пратеник,с.а.в.а., немал друг избор освен да се подготви за војна. Тука се случил Беј’ету ридван, кога Пратеникот,с.а.в.а., седнал под дрвото а неговите асхаби почнале еден по еден да му даваат завет и заклетва на истрајност и отпор, колку тоа и да чини.
Состојбата на муслиманите се смирила кога се вратил Осман.[8]Тогаш Курејшиите го испратиле Сухејл ибн Амр како преговарач со Пратеникот,с.а.в.а.
Спогодбата и нејзините ставки
Заради Сухејловата строгост во врска со ставките, мировната спогодба за малку ќе завршела со неуспех, но сепак се договориле за следните ставки:
1.Двете страни се обврзале дека ќе го напуштат меѓусебното војување во наредните десет години во кои луѓето ќе живеат во мир и никој никого нема да го вознемирува.
2.Ако кај Мухаммед.с.а.в.а., дојде некој (да прими ислам) без дозвола на својот старател, тој (Мухаммед,с.а.в.а.) ќе им го врати ним, но ако кај Курејшиите дојде некој од оние кои се со Мухаммед,с.а.в.а., тие не се обврзани да му го вратат.
3.Кој ќе сака да влезе во договор и завет со Мухаммед,с.а.в.а., слободен е и кој ќе сака да влезе во договор и завет со Курејшиите, е исто така слободен.
4.Мухаммед,с.а.в.а., таа година ќе ги врати своите асхаби во Медина и нема да влезе во Мекка. Следната година ќе може да влезе во Мекка и во неа да остане три дена, а со себе муслиманите не ќе смеат да носат оружје освен оружјето на јавач.
5.Никој нема да биде присилен да ја напушти својата вера. Муслиманите ќе му робуваат на Аллах во Мекка јавно и слободно и исламот во Мекка ќе биде јавен, никого нема да го вознемируваат, критикуваат или напаѓаат.
6.Нема да има кражби ниту изневерување, туку и двете страни ќе го почитуваат имотот на другите.
7.Курејшиите нема да помагаат на никому, ниту со луѓе ниту со оружје против Мухаммед,с.а.в.а., и неговите асхаби.[9]
Група муслимани не ги прифатиле сите ставки од спогодбата па го критикувале Божјиот Пратеник,с.а.в.а., мислејќи дека тој попуштил пред Курејшиите,[10] не сфаќајќи дека Божјиот Пратеник,с.а.в.а., е подржан од Аллах и дека тој на нештата гледа со очи полни со надеж за иднината на исламското Послание и неговите возвишени интереси. Божјиот Пратеник,с.а.в.а., на оние што го критикувале им одговорил со следните зборови: ’’Јас сум Аллахов роб и Негов Пратеник и никогаш нема да отстапам од Неговите наредби ниту пак Тој мене ќе ме упропасти.’’[11]
Божјиот Пратеник,с.а.в.а., го потврдил тоа што некои муслимани не го сакале затоа што сметале дека Пратеникот,с.а.в.а., попуштил во корист на Курејшиите и кога го предале Ебу Џендел[12] на Курејшиите[13] откако беше дошол да им се придружи на муслиманите после потпишување на примирјето. Тоа предизвикало нова реакција во околности полни со психолошки напнатости кај некои муслимани.
Меѓутоа, ова примирје претставувало очигледна победа за муслиманите, без разлика што на некои од надворешноста на ставките не им изгледало така, затоа што после кратко време се покажало дека ставките се во целост во корист на муслиманите.
На враќање кон Медина објавени се чесните кур’ански ајети[14] за да ја потврдат вистинската димензија на оваа мировна спогодба со главата на многубожтвото и тие ајети ги израдувале муслиманите со скоро влегување во Мекка.
Резултати од примирјето
- Курејшиите ги признале муслиманите како уредена воена и политичка сила и како нова реална држава.
- Стравот се вовлекол во срцата на многубожците и лицемерите, намалена им е важноста и кај нив се појавила слабост при соочувањето со муслиманите.
- Примирјето создало прилика за ширење на исламот и многу племиња влегле во ислам. Божјиот Пратеник,с.а.в.а., од почеток на пратеничкото движење очекувал Курејшиите да му дадат можност во која тој слободно ќе го образложува својот став и со сигурност ќе им го појаснува исламот на луѓето.
- Муслиманите станале сигурни од курејшиите па се концентрирале на соочување со евреите и другите противници.
- Преговорите за примирјето ги навеле сојузниците на курејшиите да го сфатат ставот на муслиманите и ним да им се криклучат.
- Примирјето на Пратеникот,с.а.в.а., му пружило можност да им испрати писма на владетелите и челниците на државите надвор од арапскиот полуостров со кои ги повикал во ислам, како и да се подготви за поход на Му’та како следен чекор кон пренесување на исламот надвор од подрачјето на арапскиот полуостров.
Примирјето подготвило терен за ослободување на Мекка во наредниот период, а Мекка била најважната тврдина на многубожтвото во тоа време.
[1] Худејбије: населба околу 24 км западно од Мекка; Еден дел од населбата се наоѓа внатре, а другиот надвор од харемот. Тука е склопено примирје со Курејшиите во 6 година по Хиџра, тука е објавена чесната сура Ел-фетх и тука е положен заветот на верност познат како Беј’ету-р-ридван.
[2] Ел-Менакиб – Ибн Шехр Ашуб, том 1, стр. 202; Бихару-л-енвар, том 20, стр. 330-331; Ес-Сирету-н-небевијје, том 3, стр. 310-311; Ет-Табекату-л-кубра, том 2, стр. 95-96.
[3] Ахабиш: назив на првиот сојуз формиран во џахилијетот, во време на Абдименаф, третиот дедо на Пратеникот,с.а.в.а., во чиј состав влегувале племињата на Мекка и околината. Овој сојуз траел до после појавата на исламот. Една од целите на тој сојуз било уважување на ходочестието на Ка’ба и заштита на ходочесниците. Затоа Хулејс го подржал Пратеникот,с.а.в.а., во таа намера кога дошол да изврши умра и не сретнувајќи се со него. Во врска со потеклото на овој назив постојат повеќе претпоставки.
[4] Хулејс ибн ’Алкама Ел-Кинани.
[5] Ес-Сирету-н-небевијје, том 3, стр. 312-314; Ел-Бидајету ве-н-нихаје, том 4, стр. 190-191.
[6] Тариху-т-Табери, том 2, стр. 270-271, 273 и 278; Ел-Камил фи-т-тарих, том 2, стр. 200-203.
[7] Божјиот Пратеник,с.а.в.а., го одбрал Омер, а не некој друг, можеби затоа што знаел како подоцна ќе реагира Омер во врска со спогодбата и колку многу ќе му се спротивставува на Пратеникот,с.а.в.а., обвинувајќи го за согласност на пониженост и понижување на муслиманите и ’’советувајќи’’ го, велејќи му, напоменувајќи му дека не треба да се плаши од Курејшиите затоа што муслиманите се во право!
[8] Ес-Сирету-н-небевијје, том 3, стр. 315-316; Тариху-т-Табери, том 2, стр. 279-280; Ел-Камил фи-т-тарих, том 2, стр. 203.
[9] Тефсиру-л-Куми, том 2, стр. 313; Меџме’у-л-бејан, том 9, стр. 197-198; Бихару-л-енвар, том 20, стр. 352; Ес-Сирету-н-небевијје, том 3, стр. 317-318; Ет-Табекату-л-кубра, том 2, стр. 97; Тариху-т-Табери, том 2, стр. 281; Субулу-л-худа ве-р-решад, том 5, стр. 52.
[10] Еден од тешките случаи на навредување и омаловажување на Божјиот Пратеник,с.а.в.а., од страна на неговите асхаби се случил на Худејбија, конкретно, после потпишувањето на спогодбата со претставникот на идолопоклониците на Мекка. Возвишениот Аллах рекол: Кога Аллах и неговиот пратеник ќе одредат нешто, ниту верник ниту верничка немаат право да постапуваат по свое мислење! А кој не ќе го послуша Аллах и Неговиот Пратеник, тој сигурно скршнал од Правиот пат! (Ал-Ахзаб, 36). Меѓутоа, Омер ибн Хаттаб, кој пред потпишувањето на спогодбата од страв од смрт одбил да го послуша и да ја однесе пораката на Пратеникот,с.а.в.а., на челниците на Мекка, веднаш по потпишувањето на спогодбата станал храбар, па го нападнал Пратеникот,с.а.в.а., обвинувајќи го за понижување на муслиманите затоа што се согласил со некои од барањата на челниците на Мекка. Божјиот Пратеник,с.а.в.а., како и секогаш, се обидувал да го смири напомнувајќи му дека тој е Пратеник, односно, И тој не зборува по свој ум, тоа е само Објава која му се објавува. (Ен-Неџм, 3 и 4). Меѓутоа, Омер не ги прифаќал тие аргументи, па отишол кај својот сојузник Ебу Бекр и му се пожалил за постапката на Пратеникот,с.а.в.а. И Ебу Бекр се обидел да го смири, но ниту тоа не му било доволно, па, според некои преданија, пошол кај некој човек кој само што беше примил ислам и го убедувал да го убие претставникот/преговарачот на меканските идолопоклоници со што би се поништила спогодбата и би се предизвикало голема забуна и метеж. Но, човекот го одбил, велејќи му дека го слуша само Пратеникот,с.а.в.а. Омер ибн Хаттаб подоцна многу пати го споменувал овој немил настан изјавувајќи дека никогаш не се посомневал во веровесништвото на Мухаммед,с.а.в.а., како тој ден!
[11] Ес-Сирету-н-небевијје, том 3, стр. 316-317; Субулу-л-худа ве-р-решад, том 5, стр. 52.
[12] Ебу Џендел: Абдуллах ибн Сухејл ибн ’Амр ибн Ел-Куреши Ел-’Амири, многу рано примил ислам, но татко му го затворил, го врзал со синџири и не му дозволил да направи хиџра. Ебу Џендел успеал да избега од затворот на татко му и додека се пишувало примирјето на Худејбија, тој тука се појавил со ланци на рацете. Татко му бил присутен како друга страна од спогодбата со Курејшиите. Кога го видел, неговиот татко Сухејл му пришол, му удрил шлаканица, го фатил за прангите велејќи му на Пратеникот,с.а.в.а.: ’’Мухаммед, договорот меѓу мене и тебе стапи на сила пред син ми да се појави!’’ Пратеникот,с.а.в.а., го потврдил тоа. После тоа Ебу Џендел повикал на сиот глас: ’’Муслимани, зарем да им бидам вратен на мушриците кои ќе ме оттргнат од мојата вера?’’ Тоа предизвикало уште поголем омраза во душите на оние што не биле предадени на Божјиот Пратеник,с.а.в.а. На тоа Пратеникот,с.а.в.а., рекол: ’’Ебу Џендел, биди трпелив и надевај се на награда за тоа. Навистина, Аллах тебе и на оние угнетени покрај тебе ќе им даде олеснување и излез. Ние со Курејшиите договоривме примирје и не смееме да ги изневериме.’’
[13] Тариху-т-Табери, том 2, стр. 281-282; Ел-камил фи-т-тарих, том 2, стр. 204-205; Ел-Бидајету ве-н-нихаје, том 4, стр. 193.
[14] Ел-Фетх, 1-7 и 18-28.
[/vc_column_text][norebro_text text_typo=”font_size~16||weight~inherit”]
[1] Hudejbije: naselje oko 24 kilometara zapadno od Mekke; jedan dio naselja se nalazi unutar, a drugi izvan harema. Tu je sklopljeno primirje s Kurejšom 6. godine po hidžri, tu je objavljena časna sura El-Feth i tu je polagan zavjet na vjernost poznat kao Bej’etu-r-ridvan.
[2] El-Menakib – Ibn Šehr Ašub, sv. 1, str. 202; Biharu-l-envar, sv. 20, str. 330-331; Es-Siretu-n-nebevijje, sv. 3, str. 310-311; Et-Tabekatu-l-kubra, sv. 2, str. 95-96.
[3] Ahabiš: naziv prvog saveza formiranog u džahilijetu, u vrijeme Abdimenafa, Poslanikovog trećeg djeda, u čiji sastav su ulazila plemena Mekke i okoline. Ovaj savez je trajao do iza pojave islama. Jedan od ciljeva tog saveza je bio uvažavanje hodočašća Ka’be i zaštita hodočasnika. Zato je Hulejs podržao u toj namjeri Poslanika, s.a.v.a., kada je došao da obavi umru, ni ne susrevši se s njim. O porijeklu ovog naziva postoji više pretpostavki.
[4] Hulejs ibn ‘Alkama El-Kinani
[5] Es-Siretu-n-nebevijje, sv. 3, str. 312-314; El-Bidajetu ve-n-nihaje, sv. 4, str. 190-191.
[6] Tarihu-t-Taberi, sv. 2, str. 270-271, 273 i 287; El-Kamil fi-t-tarih, sv. 2, str. 200-203.
[7] Božiji Poslanik, s.a.v.a., je izabrao Omera, a ne nekog drugog, možda zbog tog što je znao kako će Omer kasnije reagovati u vezi sa sporazumom i koliko će se suprotstavljati Poslaniku, s.a.v.a., optužujući ga za pristanak na poniženje i ponižavanje muslimana i “savjetujući” ga, govoreći mu, napominjući mu da se ne treba bojati Kurejša zato što su muslimani u pravu!
[8] Es-Siretu-n-nebevijje, sv. 3, str. 315-316; Tarihu-t-Taberi, sv. 2, str. 279-280; El-Kamil fi-t-tarih, sv. 2, str. 203.
[9] Tefsiru-l-Kumi, sv. 2, str. 313; Medžme’u-l-bejan, sv. 9, str. 197-198; Biharu-l-envar, sv. 20, str. 352; Es-Siretu-n-nebevijje, sv. 3, str. 317-318; Et-Tabekatu-l-kubra, sv. 2, str. 97; Tarihu-t-Taberi, sv. 2, str. 281; Subulu-l-huda ve-r-rešad, sv. 5, str. 52.
[10] Jedan od vrlo teških slučajeva vrijeđanja i omalovažavanja Božijeg Poslanika, s.a.v.a., od strane njegovih ashaba desio se na Hudejbiji, konkretno, nakon potpisivanja sporazuma s izaslanikom idolopoklonika Mekke. Uzvišeni Allah je rekao: I nije dato ni vjerniku ni vjernici da imaju u nečemu izbor onda kada Allah i Njegov Poslanik odrede jednu stvar! A ko ne sluša Allaha i Njegovog Poslanika zalutao je očito s Pravog Puta! (El-Ahzab, 36) Međutim, Omer ibn Hattab, koji je prije potpisivanja sporazuma iz straha od smrti odbio odnijeti Poslanikovu poruku čelnicima Mekke, postao je hrabar odmah po potpisivanju tog sporazuma pa je napao Poslanika, s.a.v.a., optužujući ga za ponižavanje muslimana zato što je pristao na neke od zahtjeva čelnika Mekke. Božiji Poslanik, s.a.v.a., kao i uvijek, pokušavao ga je smiriti napominjući mu da je on poslanik, tj. I on ne zbori po žudnji svojoj, to samo Objava je koja mu se objavljuje. (En-Nedžm, 3 i 4) Međutim, on nije prihvatio te argumente, nego je otišao do svog saveznika Ebu Bekra i požalio mu se na Poslanika, s.a.v.a. I Ebu Bekr ga je pokušao smiriti, ali ni to mu nije bilo dovoljno pa je, po nekim predajama, otišao do jednog čovjeka koji je tek bio primio islam te ga huškao da ubije izaslanika/pregovarača mekanskih idolopoklonika kako bi poništio sporazum i izazvao veliku smutnju, ali je ovaj to odbio, govoreći da on sluša samo Poslanika, s.a.v.a. Omer ibn Hattab je kasnije više puta spomenuo ovaj bolni događaj izjavljujući da nikad nije sumnjao u vjerovjesništvo Muhammeda kao tog dana!
[11] Es-Siretu-n-nebevijje, sv. 3, str. 316-317; Subulu-l-huda ve-r-rešad, sv. 5, str. 52.
[12] Ebu Džendel: Abdullah ibn Suhejl ibn ‘Amr ibn El-Kureši El-‘Amiri, vrlo rano je primio islam, ali ga je otac zatvorio, okovao i nije mu dao da učini hidžru. Uspio je pobjeći iz očevog zatvora i, dok se pisalo primirje Hudejbije, on se tu pojavio sa svojim okovima.
Otac mu je bio prisutan kao druga strana sporazuma s Kurejšom. Kad ga je vidio, njegov otac Suhejl mu je prišao, ošamario ga i uhvatio za okove govoreći Poslaniku, s.a.v.a.: “Muhammede, dogovor između mene i tebe je stupio na snagu prije nego što se ovaj pojavio!” Poslanik, s.a.v.a., mu je to potvrdio. Nakon toga je Ebu Džendel iz sveg glasa povikao: “Muslimani, zar da budem vraćen mušricima koji će me okrenuti od moje vjere?” To je pobudilo još veću mržnju u dušama onih koji nisu bili predani Božijem Poslaniku, s.a.v.a. Poslanik, s.a.v.a., je na to rekao: “Ebu Džendele, budi strpljiv i nadaj se nagradi za to, doista, Allah će tebi i onim potlačenima uz tebe dati olakšanje i izlaz. Mi smo dogovorili primirje s Kurejšom i ne možemo ih iznevjeriti.”
[13] Tarihu-t-Taberi, sv. 2, str. 281-282; El-Kamil fi-t-tarih, sv. 2, str. 204-205; El-Bidajetu ve-n-nihaje, sv. 4, str. 193.
[14] El-Feth, 1-7 i 18-28.
[/norebro_text][/vc_column][/vc_row]