• Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги
  • Од вашето перо
No Result
View All Result
ehlibejt.org
Ehli Bejt
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
No Result
View All Result
Ehli Bejt
No Result
View All Result

Врската со Аллах

10. април 2021.
in Човекот во односот со Бога
A A
Врската со Аллах

 Врската со Аллах

 Тоа што нѐ поврзува со Господарот, гајбот (скриеното, невидливото, непознатото), Ахиретот и вечната куќа која е наша главна куќа и со Ехли бејтот,а.с., е поим на иманот. Тој поим сведочи за една реалност, а таа реалност е пат и начин за поспоставување врска со Господарот Кој е неограничен, Величествен и е на врвот на сите добрини и убавини. Иманот е збор што е повеќе од било кој убав збор повторуван во Кур’анот. После зборот Аллах и Рабб (Господар), тоа е најзастапениот збор во Кур’анот. Нашето прво име е му’мин (верник). Кога Аллах нѐ довикува, нѐ довикува со ова име. Имам Али,а.с., е заповедник на верниците. Имаметот на Имамите,а.с., се однесува на нашиот иман. Нивното водство не е засновано на некоја расна или племенска основа. Тоа е многу ценет поим и за него малку се зборува. Ние треба да зборуваме за трагите на иманот, но треба малку повеќе да размислуваме за него самиот. Себе си треба да си дадеме можност да се замислиме, да го сфатиме, а потоа треба да го негуваме во себе. Ако сакаме да го преведеме зборот иман, го преведуваме како верување, но останува прашањето зошто тој збор е преземен од глаголот што има значење, сигурност (амн)? Затоа што најважната карактеристика на иманот што ја остава на човечкото срце, е да дава сигурност. Човекот покрај иманот се чувствува безбеден, а не покрај овосветските минливи нешта. Ако некој не чувствува безбедност покрај иманот, значи дека не се окористил доволно со иманот, затоа што тоа чувство со ништо друго не може да се постигне. Ако таа сигурност ја земеме во обзир во право значење, тогаш иманот е колепка на човековото постоење. Како што детето се чувствува сигурно во прегратката на мајката, така и човекот се чувствува смирен во своето верување. Како што некој се чувствува сигурен во својата куќа додека надвор има бура, невреме, така и човекот се чувствува безбеден во своето верување. Човек треба да го сака својот иман. Иманот треба да му биде пријатен. Многу е важно какво чувство гаиме кон иманот затоа што Аллах во Кур’анот вели:

А Тој ви го направи мило верувањето и го направи украсено во вашите срца.

Значи треба да го чуваме мило и драго.

Потоа Тој го прави убав во нашите очи. Понекогаш човекот гледа нешто како убаво, но не му е омилено во срцето.

Од друга страна ова наше верување што го имаме треба да го зајакнеме.

Дали ние го сакаме овој наш опис на верникот? Ако го сакаме, ќе му направиме една работа:

Ќе се обидеме да го зголемиме своето верување затоа што со тоа ќе го зголемиме нашето задоволство и чувство на сигурност. Со добро дело ќе се обидеме да го зајакнеме и искристализираме своето верување.

Кога некој ќе те праша зошто тоа го правиш, му велиш:

Затоа што верувањето ми влева некоја толина и милост во моето битие.

Луѓето кои многу им се оддаваат на своите страсти, желби, гревови …. всушност сакаат да ја надоместат празнината на иманот во своето битие. Тие чувствуваат некој недостаток, празнина, па сакаат на друг начин да ја потполнат. Тие што се многу жедни за забава одат на места каде што можат добро да се забавуваат затоа што го немаат ова задоволство и оваа преокупираност во себе, па мора себе си со нешто друго да се преокупираат. Околу нас се наоѓаат многу средства за забава, сјај…. Аллах нѐ оставил среде тие случувања и рекол:

Ти немој да се забавуваш со ништо од ова. Однесувај се како да ги нема, како да не постојат. Тоа е твојот испит. На тој начин ќе го оствариш својот напредок.

 

 

No Content Available
Tags: Врската со АллахЕтика и духовност
Previous Post

Дефиниција за иманот

Next Post

Мубахела со неџранските христијани (писмото на Пратеникот)

Категории

  • Обреди
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
  • Од вашето перо

© 2021 ehlibejt.org.

No Result
View All Result
  • Патокази
  • Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • —————-
  • Пратеникот и ехлибејтот
    • Ехли бејт
      • Ехли бејт
    • Пресудни етапи во периодот на присуство на безгрешните
    • Великаните од Ехли-бејтот, а.с.
    • Верните другари на Ехли-бејтот, а.с.
  • Исламски верувања
    • Вера
    • Тевхид – монотеизам
    • ‘Adl – Božija pravednost
    • Нубуввех – веровесништво
    • Имамет – нужност на небесното водство
    • Me’ad – proživljenje
    • Нејаснотии и објаснувања
  • Етика и духовност
    • Прописи на однесување
    • Човекот во односот со самиот себе
    • Човекот во односот со Бога
    • Духовно усовршување
    • Општи дискусии
  • Историја и општеството
  • Семејство и воспитание
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги

© 2021 ehlibejt.org.