• Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги
  • Од вашето перо
No Result
View All Result
ehlibejt.org
Ehli Bejt
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
No Result
View All Result
Ehli Bejt
No Result
View All Result

Вилаетот и водството на Ехли бејт

20. март 2021.
in Ехли бејт
A A

Вилаетот и водството на Ехли бејт

 

Прашање: дали постојат докази за водството на Ехли бејт и какви?

За вилаетот и водството на Ехли бејт постојат бројни рационални и низ преданија пренесени докази.

Од гледна точка на разумот и земајќи ја предвид филозофијата на имаметот, безгрешноста е еден од најважните услови на Имамите а.с. Чесните кур’ански ајети упатуваат на тоа. (Види: Ен Ниса, ајет 59 и Ет-Тевбе, ајет 119)

Од друга страна, Ехли бејт а.с поседува својство на безгрешност. Според тоа, имаметот и водството на исламскиот уммет после Пратеникот с.а.в.а, им припаѓа исклучиво ним.

Покрај тоа, покорувањето на Ехли бејт, како што веќе беше речено, е обврзувачко односно, ваџип (за муслиманите). Доказите за обврската за следење на Ехли бејт се безусловни и ги опфаќаат сите забрани и наредби врзани за животот на муслиманите. Во тој поглед не постои разлика помеѓу прашањата кои се однесуваат на ибадетот, економијата, политиката и културата. На пример, во ајетот улу-л-емр, покорување на Ехли бејтот а.с, има исто значење и ширина како и покорувањето на Пратеникот с.а.в.а. Поседниците на заповедта (улу-л-емр) како што е речено, уживаат својство на безгрешност, а тоа својство исклучително му припаѓа на Пратениковиот с.а.в.а., Ехли бејт.

Од дискусиите поврзани за љубовта кон Ехли бејт а.с станува јасно дека таа љубов има посредничка улога. Нејзината основна цел е луѓето да го препознаат патот на вистината и проаѓајќи го тој пат да дојдат до среќата и спасот. Спознанието на вистинскиот пат и проаѓањето по него ги опфаќа сите аспекти на животот од индивидуалниот до општествениот, од ибадетскиот до политичкиот.

Во врска со ова прашање, детаљот вреден за внимание е дека, во многу преданија на хадисот Секалјен се споменува и цврстото придржување кон Ехли бејт и вилаетот на Заповедникот на верните Имамот Алија а.с. Со други зборови, во текот на збиднувањето на Гадири Хом, чесниот Пратеник с.а.в.а. зборувал и за своето семејство односно Ехли бејт и на муслиманите им го препорачал нивното следење, а Имамот Алија  а.с., го претставил како заштитник и водач на исламскиот уммет по него.[1]

Пратеникот с.а.в.а. со таа постапка покажал дека вилаетот и водството на Заповедникот на верните а.с е првиот чекор во правец на остварување на смислата и содржината на хадисот Секалјен.

Другиот детаљ е тоа дека, во некои преданија на хадисот Секалјен, за Кур’анот и Ехли бејт се користи изразот халифетејн, што означува „двајца намесници“: Јас меѓу вас оставам двајца намесници, книгата Божја и својот Ехли бејт.“[2]

Во согласност во овој хадис, Ехли бејт е Пратеников с.а.в.а., намесник и неговото намесништво е сѐопфатно.

Во еден друг хадис, откако Пратеникот с.а.в.а го претставува Кур’анот и своето семејство како две свои исклучително вредни оставини на исламскиот уммет, го вели следното: „Земјата никогаш нема да остане без Ехли бејт, а ако тоа се случи, Земјата ќе се разгневи на своите станари.“ Потоа вели: „Боже, Ти никогаш нема да ја оставиш Својата земја без докази. Мал е нивниот број, но во поглед на положбата, кај Тебе уживаат најголема положба.“[3]

Според тоа, членовите на Ехли бејт се докази Божји на Земјата, а прашањето на имаметот и водството се однесува на доказите Божји.

Следниот доказ дека хадисот Секалјен упатува на имеметот на Ехли бејт а.с е тоа што Заповедникот на верните а.с во одредени ситуации повикува на тој хадис и со него изнесува доказ. Денот на советувањето за избор на халиф по Омер, е еден од тие случаи.[4]

Следниот случај е изнесување на доказот на Талха, Абдурахман ибн Аф и С’ад ибн Еби Веккас.[5]

Уште еден случај на докажување се случува во времето на Османовиот халифат во Пратениковата џамија пред група асхаби.[6]

Ахмед ибн Ханбел пренесува од Ебу Хурејре предание во кое стои дека Пратеникот с.а.в.а, ги погледнал Алија, Фатима, Хасан и Хусејн, мир со нив, заплакал и рекол: „Јас сум во војна со оној кој со вас е во војна и во мир сум со оној кој со вас е во мир.“[7]

И од ова предание се доаѓа до заклучок дека покорувањето пред овие личности е обврзувачко односно ваџиб.

[1] Jenabi’u-l-mevedde, стр. 36–40.

[2] El-Musned, том. 5, стр. 181;Medžme’u-z-zevaid, том. 9, стр. 163;Fejzu-l-kadir, том. 3, стр. 14;Kenzu-l-ummal, том. 1, стр. 166;Nefehatu-l-azhar, том. 2, стр. 284–285.

[3] Jenabiu-l-mevedde, стр. 27.

[4] Menakibu Ibn Megazeli, стр. 112.

[5] Jenabiu-l-mevedde, стр. 43.

[6] Ибит...,стр. 137.

[7] Ahmed ibn Hanbel, Fedailu-s-sahabe,том. 2, стр. 767.

Големината на Ехли бејтот во ајетот мубахела

Приказ на муџизата на мубахелата на Пратеникот, с.а.в.а., со христијаните

Преговорите на неџранските претставници со Пратеникот

Tags: ehli bejtimametsljeđenjevilajetvođstvoводствотоЕхли бејт
Previous Post

СЛЕДЕЊЕ НА ЕХЛИ БЕЈТ

Next Post

НАУЧЕН АВТОРИТЕТ НА МУСЛИМАНИТЕ

Категории

  • Обреди
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
  • Од вашето перо

© 2021 ehlibejt.org.

No Result
View All Result
  • Патокази
  • Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • —————-
  • Пратеникот и ехлибејтот
    • Ехли бејт
      • Ехли бејт
    • Пресудни етапи во периодот на присуство на безгрешните
    • Великаните од Ехли-бејтот, а.с.
    • Верните другари на Ехли-бејтот, а.с.
  • Исламски верувања
    • Вера
    • Тевхид – монотеизам
    • ‘Adl – Božija pravednost
    • Нубуввех – веровесништво
    • Имамет – нужност на небесното водство
    • Me’ad – proživljenje
    • Нејаснотии и објаснувања
  • Етика и духовност
    • Прописи на однесување
    • Човекот во односот со самиот себе
    • Човекот во односот со Бога
    • Духовно усовршување
    • Општи дискусии
  • Историја и општеството
  • Семејство и воспитание
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги

© 2021 ehlibejt.org.