• Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги
  • Од вашето перо
No Result
View All Result
ehlibejt.org
Ehli Bejt
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
No Result
View All Result
Ehli Bejt
No Result
View All Result

НАУЧЕН АВТОРИТЕТ НА МУСЛИМАНИТЕ

20. март 2021.
in Ехли бејт
A A

НАУЧЕН АВТОРИТЕТ НА МУСЛИМАНИТЕ

Прашање: Кој го претставува научниот авторитет на муслиманите?
Хадисот Секалејн објаснува дека Ехли бејт а.с е научен авторитет, бидејќи Пратеникот с.а.в.а барал од муслиманите цврсто да се држат за чесниот Кур’ан и неговото семејство – Ехли бејт – за да не заталкаат.
Првиот и темелен научен извор на кој се обраќаат муслиманите тоа е чесниот Кур’ан, а потоа, Пратениковиот с.а.в.а. суннет. А Ехли бејт во тоа има улога на толкувач на чесниот Кур’ан и чувар и пренесувач на вистинскиот суннет на Пратеникот с.а.в.а. Без сомнение Пратеникот с.а.в.а им објаснил на луѓето голем дел од вистината и учењето на Кур’анот, но другиот дел, за чие објаснување не биле обезбедени услови или придобивката била во тоа да се објасни и осознае подоцна, го препуштил на своето безгрешно семејство тие да го објаснат.
Накусо: чувањето на сето она што е осознаено по пат на Пратеникот с.а.в.а. и појаснување на сето она што не било објаснето, препуштено е на Претениковиот с.а.в.а Ехли бејт.
Патот за правилно спознавање на Кур’анот и Пратениковиот с.а.в.а суннет подразбира цврсто држење кон Пратениковиот Ехли бејт. На тој начин тие стануваат научен авторитет кај муслиманите во спознавање на учењето и прописите на верата.
Мулла Али Кари, еден од сунитските научници рекол: „Членовите на семејството, вообичаено, подобро се известени за домаќинот на куќата и неговата состојба од останатите. Според тоа, под Ехли бејт се мисли на нивните научници, личност кои се известени за Пратениковиот животопис (сира), личности кои се упатени во неговиот метод и патот и кои ги познаваат неговите правила и мудрости. Од тие причини тие се достојни да застанат рамо до рамо со Божјата Книга.“
Ибн Хаџер, познат сунитски научник рекол: Пратеникот с.а.в.а го нарекол Кур’анот и своето семејство сикл (вредни нешта), поради тоа што сикл се нарекува нешто што е исклучително вредно и што има голема важност, а Кур’анот и Пратениковото с.а.в.а. семејство се такви, бидејќи и двете се извор на натприродно знаење, возвишени тајни и мудрости како и шеријатски прописи. Поради тоа се поттикнува и се нагласува важноста за цврсто придржување кон нив и усвојување на знаења и спознанија од нив. Ова поттикнување и нагласување на Пратениковата с.а.в.а семејство се однесува исклучително на личностите кои ги познаваат Божјата Книга и Претениковиот с.а.в.а суннет. Тие се оние кои нема да се одделат од Кур’анот сè до Судниот ден.“

Ајет за прочистувањето

Чесниот Кур’ан, во ајетот за прочистувањето, Пратениковиот с.а.в.а Ехли бејт ги претставува како личности кои Господарот ги прочистил од секаков вид на нечистотија. Од друга страна, потсетува дека возвишените вистини и сокриените кур’ански учења не ги разбира никој освен чистите луѓе. Исто како што обредната чистотија е услов за човековиот телесен допир со надворешноста на Кур’анот, исчистеноста на душата од морални валканици е услов за разбирање на кур’анските спознанија и вистини. Колку што спознанијата и вистините се посуптилни и подлабоки, за нивното разбирање потребна е поголема и подлабока чистотија на душата. Најголемиот степен на таа чистотија е пропратен со безгрешност.
Според тоа, кур’анските учења и вистини никој не ги знае потполно и темелно, освен Пратеникот с.а.в.а и неговиот безгрешен Ехли бејт а.с. За да се разберат тие вистини, треба да се обратите кај нив.
Имам Садик а.с рекол: „Во кур’анот постојат вистини врзани за минатото и иднината како и прописи кои ја одделуваат вистината од невистината во човековиот живот. Ние ги познаваме.“ Исто така рекол: „Ние сме тие кои имаат сила да продрат во длабочината на знаењето и да го спознаеме те’вилот (преносно значење) на Кур’анот.“
Многубројни се хадисите на имамите на Ехли бејт а.с кои зборуваат за тоа.

Согледување на муџизата во мубахела

Делегацијата од Неџран во Медина

Мубахела со неџранските христијани (писмото на Пратеникот)

Tags: Ехли бејтНАУЧЕН АВТОРИТЕТ
Previous Post

Вилаетот и водството на Ехли бејт

Next Post

Општеството и законот

Категории

  • Обреди
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
  • Од вашето перо

© 2021 ehlibejt.org.

No Result
View All Result
  • Патокази
  • Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • —————-
  • Пратеникот и ехлибејтот
    • Ехли бејт
      • Ехли бејт
    • Пресудни етапи во периодот на присуство на безгрешните
    • Великаните од Ехли-бејтот, а.с.
    • Верните другари на Ехли-бејтот, а.с.
  • Исламски верувања
    • Вера
    • Тевхид – монотеизам
    • ‘Adl – Božija pravednost
    • Нубуввех – веровесништво
    • Имамет – нужност на небесното водство
    • Me’ad – proživljenje
    • Нејаснотии и објаснувања
  • Етика и духовност
    • Прописи на однесување
    • Човекот во односот со самиот себе
    • Човекот во односот со Бога
    • Духовно усовршување
    • Општи дискусии
  • Историја и општеството
  • Семејство и воспитание
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги

© 2021 ehlibejt.org.