• Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги
  • Од вашето перо
No Result
View All Result
ehlibejt.org
Ehli Bejt
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
  • Кур’ан
  • Пратеникот и ехл…
  • Исламски верувања
  • Етика и духовност
  • Историја
  • Семејство и …
  • Шиизам
No Result
View All Result
Ehli Bejt
No Result
View All Result

Делегацијата од Неџран во Медина

20. март 2021.
in Ехли бејт
A A

Делегацијата од Неџран во Медина

Згодното за живеење подрачје Неџран со своите седумдесет села се наоѓа на пограничниот реон меѓу Хиџаз и Јемен. На почеток на појавата на исламот ова подрачје било единственото подрачје во Хиџаз населено со христијани кои од одредени причини се откажале од обожавањето идоли и се завртеле кон христијанството. Чесниот Пратеник, с.а.в.а., истовремено пишувајќи писма на поглаварите на големите светски држави и на верските центри, му напишал писмо и на епсикопот на Неџран, Ебу Харис и во него ги повикал жителите на Неџран да примат ислам. Содржината на писмото е следната:
’’Во името на Господарот на Ибрахим, Исхак и Ја’куб.
Ова писмо е од Мухаммед, Божјиот Пратеник, до епископот на Неџран.
Го фалам Господарот на Ибрахим, Исхак и Ја’куб и наместо да ги обожавате робовите, ве повикувам да го обожавате Господарот. Ве повикувам да излезете од вилајетот на Божјите робови и да влезете во вилајетот на Господарот. Ако не го прифатите мојот повик, (во најмала рака) мора да платите данок на исламската власт (наспроти таа незначителна сума пари вие и вашиот имот ќе бидете заштитени). Во спротивно ви се обзнанува опасност.’’
Некои шиитски историски извори додаваат дека Пратеникот, с.а.в.а., им напишал и ајет поврзан со следбениците на книгата (Али-Имран, 64) во кој сите се повикуваат на обожавање на еден Бог.
Претставниците на Пратеникот, с.а.в.а., дошле во Неџран и на епископот му го врачиле писмото од Пратеникот, с.а.в.а. Тој писмото само внимателно го прочитал па го информирал советот кој се состоел од истакнати верски и светски личности за да донесат одлука. Една од личностите што учествувале на советот бил Шурахбил. Тој бил познат по својата елоквентност и компетентност. Тој на епископот му рекол:
’’Моето знаење за верските прашања е незначително. Од таа причина јас немам право да давам мислење. Ако со мене сакате да се посоветувате за некое друго прашање, можам да ви понудам решенија. Сепак, принуден сум да ви напоменам дека сите ние од нашите верски предводници повеќе пати сме чуле дека еден ден пратеништвото ќе премине од Исхаковата на Исмаиловата лоза. Можно е Мухаммед, кој е од лозата на Исмаил, да е ветениот пратеник.’’
Советот одлучил една група луѓе, како делегација претставници на Неџран, да појде во Медина, за да одблиску оствари контакт со Мухаммед, с.а.в.а., и да ги разгледа доказите за неговото пратеништво. Одбрале шеесет најдобри и најпаметни луѓе од Неџран, на чие чело застанале три верски предводници:
Ебу Харесе ибн Алкаме, најголемиот (главен) епсикоп на Неџран, кој бил и званичен претставник на римските цркви во Хиџаз.
Абду-л-Месих, водач на делегацијата претставници, познат по елоквентност и способност.
Ејхам, постар човек, почитувана личност кај народот на Неџран.
Делегацијата претставници влегла во џамијата во доцните попладневни часови, на себе носејќи раскошна свилена облека, златни прстени на рацете и крстови на вратовите. Му упатиле селам на чесниот Пратеник, с.а.в.а., но нивното упадливо и неприкладно облекување и тоа во џамијата, силно го вознемирило Пратеникот, с.а.в.а. Тие почувствувале дека Пратеникот, с.а.в.а., станал вознемирен заради нив, но не ја знаеле причината.
Веднаш стапиле во контакт со Осман ибн Авфан и Абдурахман ибн Авф, кои ги познавале отпорано. Им кажале за што се работи, но тие им рекле дека решението на тој проблем е во рацете на Али ибн Ебу Талиб. Тогаш му се обратиле на Имам Али, а.с. Имамот им одговорил:
’’Треба да ја смените облеката па да дојдете кај Пратеникот, с.а.в.а., едноставно облечени, без злато и украси. Во тој случај ќе бидете уважени и почитувани.’’
Претставниците на Неџран ја смениле облеката, дошле кај Пратеникот, с.а.в.а., облечени во едноставна облека, без златни прстени и го поздравиле. Пратеникот, с.а.в.а., им возвратил со посебна почит и од нив прифатил некои подароци што му ги донесле. Пред да започнат со преговорите, претставниците рекле дека им дошло времето за молитва. Пратеникот, с.а.в.а., им допуштил молитвата да ја извршат во џамијата во Медина. Завртени кон Исток, ја извршиле својата молитва.

 

Големината на Ехли бејтот во ајетот мубахела

Приказ на муџизата на мубахелата на Пратеникот, с.а.в.а., со христијаните

Преговорите на неџранските претставници со Пратеникот

Tags: ehli bejtehlibejtmubaheleДенот на МубахалаЕхли бејтмубахела
Previous Post

Мубахела со неџранските христијани (писмото на Пратеникот)

Next Post

Согледување на муџизата во мубахела

Категории

  • Обреди
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • Библиотека
  • Од вашето перо

© 2021 ehlibejt.org.

No Result
View All Result
  • Патокази
  • Обреди
    • Вовед во обреди
    • Воведни подготовки за намаз
    • Намаз
    • Пост
  • Прашања и одговори
  • Мултимедија
  • —————-
  • Пратеникот и ехлибејтот
    • Ехли бејт
      • Ехли бејт
    • Пресудни етапи во периодот на присуство на безгрешните
    • Великаните од Ехли-бејтот, а.с.
    • Верните другари на Ехли-бејтот, а.с.
  • Исламски верувања
    • Вера
    • Тевхид – монотеизам
    • ‘Adl – Božija pravednost
    • Нубуввех – веровесништво
    • Имамет – нужност на небесното водство
    • Me’ad – proživljenje
    • Нејаснотии и објаснувања
  • Етика и духовност
    • Прописи на однесување
    • Човекот во односот со самиот себе
    • Човекот во односот со Бога
    • Духовно усовршување
    • Општи дискусии
  • Историја и општеството
  • Семејство и воспитание
  • Библиотека
    • Online читање книга
    • Претставување книги

© 2021 ehlibejt.org.