Со колку значења терминот Ехли бејт се употребува во хадисите?
Терминот ехли бејт во Пратениковите, с.а.в.а хадиси се користи со четири различни значења кои можат да се наречат: најшироки, пошироки, потесни и најтесни.
1.Овој термин во најшироко значење опфаќа дури и личности кои немаат никакво сродство со Пратеникот, ниту крвно ниту сродство по сопругата. Тоа се муслимани кои се искрени и постојани во следењето на Пратеникот, с.а.в.а., Селман Фариси и Ебу Зерр Гафари ги вброил во својот Ехли бејт. Во некои преданија изразот ехли бејт се употребува и за некои други личности. Некои од нив се Усама ибн Зејд и Василе ибн Аска’.
2.Терминот ехли бејт во пошироко значење ги опфаќа сите Пратеникови сродници, односно личности на кои им е забрането да примаат ваџип садака (зекат). Во друг хадис изразот ехли бејт се употребува за Аббас, Пратениковиот чичко и неговите потомци.
3. Овој термин во потесно значење се однесува на Пратениковите, а.с.в.а, сопруги. Без сомнеж во склад со лингвистичките и општоприфатените сфаќања, Пратениковите сопруги се Пратеников ехли бејт. Тука под изразот бејт (куќа) се мисли на куќа во која се живее, а не куќа која се однесува на сродници или на веровесништвото.
4.Терминот ехли бејт во најтесно значење се однесува на групата на Пратениковите, с.а.в.а, членови на семејството кои имаат одлика на безгрешност. Во преданијата поврзани со ајетите Татхир и Мубахеле и личностите под наметката, тие членови се Али, Фатима, Хасан и Хусејн, мир со нив. Во хадисите како што се хадисот Секалејн и хадисот Сафине и слични на нив, кои упатуваат на постоење на ехли бејт во секое време, покрај оние под наметката – Асхабите киса’а, безгрешните имами од Хусеиновата лоза исто така се припадници на ехли бејт.