ПРЕДНОСТА НА ЕХЛИ БЕЈТ
Прашање: Кој е најпознатиот хадис кој зборува за предноста на Ехли бејт?
Многубројни се риваетите кои упатуваат на предноста на Ехли бејт, а.с, над другите. Меѓу другото, низ хадисите Секалејн може јасно да се разбере предноста на Пратениковиот Ехли бејт над другите, бидејќи Пратеникот с.а.в.а, ги ставил покрај Кур’анот. Чесниот Кур’ан го нарекол нешто со поголема вредност, а Ехли бејт нешто со помала вредност. Никого повеќе не го ставил на исто рамниште со Кур’анот. Значи, исто како што чесниот Кур’ан има предност над муслиманите, така и Ехли бејт има предност над другите.
Ајетот што говори за мухабела исто така посочува на предноста на „покриените со наметката“ – Асхаби киса’ – над останатите Пратеникови асхаби, бидејќи врз основа на овој ајет, Господарот го задолжил Пратеникот с.а.в.а, помеѓу муслиманските деца, жени и мажи да ги донесе со себе одредените личности кои ќе го направат меѓусебното проколнување со христијаните од Неџран. Пратеникот с.а.в.а, од мажите го одбрал Имамот Али а.с.,од жените ја одбрал хазрети Фатима Зехра с.а., а од децата Имамот Хасан а.с. и Имамот Хусејн а.с. Без сомнение, за меѓусебното проколнување се одбираат личности кои во поглед на иманот и блискоста кон Господарот, уживаат висока положба.
Ебу Ријах, слугата на Умм Селема, пренесува од Божиот Пратеник с.а.в.а., дека рекол: „Ако Аллах, возвишен нека е Тој, на Земјата имал за Него поблагородни робови од Алија, Фатима, Хасан и Хусејн, мир со нив, би ми заповедал нив да ги поведам на меѓусебното проколнување. Меѓутоа, Тој ми заповеда тоа да го направам со овие четворица, затоа тие се Неговите најдобри созданија. Предноста на Ехли бејт може да се потврди и од други ајети како што е ајетот за љубовта – Меведдех- во сурата Еш-Шура, 23, потоа, хадисот Сафине, хадисот Бабу-л-хитте, хадисот Нуџум и други слични хадиси.