Ехли бејт во Кур’анот
Во колку ајети во Кур’анот се употребува терминот Ехли бејт?
Терминот Ехли бејт во Кур’анот се употребува во три ајети:
1. Во 73 – тиот Ајет во сурата Худ кој се однесува на хазрети Ибрахим, а.с и неговата сопруга:
قَالُواْ أَتَعْجَبِينَ مِنْ أَمْرِ اللهِ رَحْمَتُ اللهِ وَبَرَكَاتُهُ عَلَيْكُمْ أَهْلَ الْبَيْتِ إِنَّهُ حَمِيدٌ مَّجِيدٌ
„Зарем ѝ се чудиш на Аллаховата моќ? – рекоа тие – „ Аллаховата милост и благословот Негов се за вас, веровесниково семејство. Тој е за благодарност Достојниот и Величествениот!“
2. Во 12 – тиот ајет во сурата Ел-Касас каде зборува за Мусовото, а.с семејство:
فَقَالَتْ هَلْ أَدُلُّكُمْ عَلَى أَهْلِ بَيْتٍ يَكْفُلُونَهُ لَكُمْ وَهُمْ لَهُ نَاصِحُونَ
Па таа рече: „Сакате ли да ви го покажам семејството кое за него ќе се грижи и кое добро ќе му посакува?“
3. Во 33 – тиот ајет во сурата Ел-Ахзаб:
إِنَّمَا يُرِيدُ اللهُ لِيُذْهِبَ عَنكُمُ الرِّجْسَ أَهْلَ الْبَيْتِ وَيُطَهِّرَكُمْ تَطْهِيرًا
Аллах сака од вас, о семејство на Пратеникот, гревовите да ги отстрани и потполно да ве очисти.